Криптовалути се „копале“ и во Железници
Министерството за внатрешни работи вчера уапсило две лица, вработени во МЖ Транспорт, поради злоупотреба на службена положба и овластување.
МВР информира дека двете лица биле приведени по претходна пријава од раководно лице во МЖ Транспорт, откако забележал поголема потрошувачка на струја во една од канцелариите и се посомневал дека некој од вработените ги користи службените простории за копање криптовалути.
Полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки и активности ги привеле двете лица вработени во Сектор информатика во Железници на РСМ, кои ја користеле канцеларијата, при што било извршено и запечатување на просторијата. За случајот е известен и Јавен обвинител, а по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.