Криминалците во Германија и во Италија сѐ повеќе користат криптовалути
Криминалците во Германија и во Италија сѐ повеќе користат криптовалути, објави царинската управа во Бон.
„Употребата на криптовалути за плаќање по пат на интернет во контекст на криминални дела очигледно е во пораст“, соопшти управата.
Во повеќето случаи криминалците користеле биткоин и валутата монеро, наведуваат истражителите.
Криптовалутите се користат за потполно да се анонимизира процесот на нарачување и отпрема на недозволени производи или услуги.
Организираниот криминал во Италија исто така во последните години откри употреба на криптовалути.