Кремљ потврди дека Трамп му испраќал ковид тестови на Путин во врвот на пандемијата
Кремљ во средата потврди дека поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп испратил комплети за тестирање на рускиот претседател Владимир Путин за Ковид-19 за време на екот на пандемијата, како што објави американскиот новинар Боб Вудворд во новата книга.
„Исто така, испративме опрема на почетокот на пандемијата“, рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во писмениот одговор во средата, објави Блумберг. Дека САД и Русија разменија медицинска опрема за време на пандемијата веќе беше познато.
Но, Вудворд во својата книга пишува дека кога Трамп сè уште бил претседател во 2020 година, тој „тајно му испратил на Путин куп машини за тестирање на Abott Point of Care Covi“ за негова лична употреба“ во временски период кога тестовите за ковид беа ретки.
Трамп негираше за вестите на Еј-Би-Си дека му испратил вакви комплети за тестирање Ковид на Путин.
Во својата книга, Вудворд, исто така, тврди дека двајцата лидери разговарале по телефон неколку пати откако Трамп ја напушти функцијата во 2021 година – Кремљ ги негираше овие тврдења.
„Не, [тоа] не е точно“, изјави Песков за рускиот дневен весник РБК во средата, осврнувајќи се на телефонските повици.
Соработникот на Трамп во кампањата Џејсон Милер во вторникот исто така ги негираше овие тврдења, велејќи дека никогаш не слушнал за такви повици; додека портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чеунг, рече дека ниту една од приказните во книгата не е вистинита, и го нарече Вудворд „гневен, мал човек“.