Краставиците ќе растат како од вода: Наводнете ги со раствор од овие 2 состојки и ќе имате градина полна со плодови


Најдоброто домашно ѓубриво за побрз раст на краставиците со помош на креда и млака вода ќе го направи родот побогат, а можете да го направите сами дома.

Градинарите го сакаат и го ценат домашното ѓубриво за хранење на растенијата, а едно од нив е она за подобар принос на краставици.

Имено, искусните градинари тврдат дека приносот на краставиците може да се дуплира ако се полеваат еднаш месечно со овој раствор:

Состојки:

200 грама (обична бела креда)

10 литри млака вода

Подготовка:

Исечкајте ја кредата на трошки и истурете ја во водата. Мешајте додека не добиете млечно бела вода и оставете ја да отстои 10 минути. После тоа, повторно измешајте го составот и прелијте ја со таа вода врз краставиците.

Наводнувајте ги краставиците со овој раствор еднаш месечно, по можност навечер. Освен што ќе даваат изобилен плод, краставиците успешно ќе се спротивстават на болестите.