Кралското семејство на „Ројал Аскот“: Уникатна ревија на откачени шапки


Англија–„Ројал Аскот“ започна во вторник и веќе донесе многу гламурозна мода.

Присуствуваа членови на кралското семејство, вклучително и принцот Чарлс, војвотката Камила, принцезата Беатрис и принцезата Ана, сопругата на Едвард Софи, грофицата од Весекс, како и пријателите на семејството, и познати личности .

Кралицата Елизабета Втора на првиот ден го пропушти настанот, како и војводата и војвотката од Кембриџ. Британскиот монарх, како љубител на коњи – се очекува да се појави во одреден момент во текот на петдневниот гала- настан.

На славните коњски трки во Англија повеќе се зборува за модата отколку за спортските резултати. „Ројал Аскот“ е еден од најгламурозните настани во Велика Британија каде што жените имаат можност да носат неверојатни креации на шапки.

Секоја година на овој традиционален настан можат да се забележат откачени и уникатни модели кои ги отсликуваат последните трендови. Според правилата на самиот настан, секоја дама мора да носи шапка, па затоа тие се трудат да носат што поинтересно уметничко дело на својата глава.

Припадничка на британската елита Кејт Вотерхаус
ТВ презентерката Маја Јама