Ковачевски на гости кај семејство во Охрид кое користи струја од фотоволтаици


 

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Охрид го посети семејството Тодороски, кое има инсталирано кровна конструкција на фотоволтаици за сопствено производство на струја на приватен семеен објект куќа, соопшти владината прес-служба.

Семејството, според информацијата, го споделиле позитивното искуство од инсталираните панели и намалените трошоци за потрошената енергија на дневно ниво за потребите на ова семејство.

„Владата неодамна како дел од мерките за справување со енергетската криза донесе одлука со која се олеснува процедурата за поставување на фотонапонски централи од лиценцирани изведувачи за потрошувачи и за производители. Со оваа одлука скратени се фазите за изработка на основниот проект. По старо оваа постапка траеше околу еден месец по ново скратена е на само еден ден“, стои во соопштението.

Обврска на Владата, како што е наведено, е да креира услови за развој на компаниите,.

„Со тој пристап, во услови на криза, преку антикризните мерки го заштитивме стандардот на граѓаните, ја одржавме ликвидноста на компаниите со што се зачуваа работните места. Обезбедивме и евтина и 80 проценти субвенционирана струја со што овозможивме и помали трошоци за граѓаните и компаниите, но и ги обезбедивме виталните функции на државата. Олеснетите процедури за поставување фотоволтаици кои ги овозможивме, се дел од планот за целосна енергетска трансформација на земјата“, стои во оопштението на владината прес-служба.