Ковачевски избран за мандатар на идната влада


Фото: Б. Грданоски

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски ја доби довербата од членовите на Централниот одбор на партијата да биде мандатар за состав на новата влада.

„За мене е огромна чест и одговорност што денес од ЦО на СДСМ ја добив довербата да бидам мандатар на иднаата Влада! Тоа е предизвик кој сум подготвен да го прифатам и посветено да работа за да ја оправдам довербата“, напиша Ковачевски пред малку на Фејсбук.

„СДСМ ќе се реорганизира, ќе продолжи да се демократизира и модернизира. Партијата е отоврена за вклучување на нови луѓе кои ќе ги одликуваат знаењето, чесноста и посветеноста на социјалдемократските вредности“, додаде претседателот на СДСМ во Фејсбук постот.

Ковачевски  пред партиските тела неофицијално рекол дека новите предложени лица не доаѓаат за функциите, туку напротив тие се веќе реализирани луѓе кои само ќе донесат дополнителна сила и обединување во партијата. Ковачевски повикал да не се случуваат фракции во партијата, бидејќи пред само еден месец разговарале за обединување, а единствен мотив на поранешниот лидер Зоран Заев бил да се врати партијата на власт.

Претходно тој  повлече еден од десетината предлози за нови лица во партиските тела бидејќи бил на листата за советници на ЛДП за време на локалните избори, а тоа го дознал непосредно пред одржувањето на партиските тела.