Корона вирусот го нападна ВМРО-ДПМНЕ, позитивен и Папазов


Покрај координарот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски и пратеничката Ангелина Петковска,  позитивен на коронавирус е и градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов. Утрово правел тест и му била потврдена дијагнозата. 

Тој само два дена претходно имаше контакт со сите градоначалници од ВМРО ДПМНЕ, но и со лидерот на партијата Христијан Мицкоски. На средбата тој се онесвести, а објаснувањето беше дека тоа било последаица на моментална слабост од премореност од кампањата. Прашање е сега колку од градоначалниците што беа на таа средба  се заразиле со корона вирусот бидејќи никој од нив не носеше маска.