Корона мутантот Б.1.1.7 е 64 отсто посмртоносен од претходните варијанти
Стапката на смртност кај оваа мутација откриена во Британија е значително поголема од другите варијанти, открија научниците на Универзитетот во Ексетер
Мутанот од корона Б.1.1.7, првпат откриен во Велика Британија, е 64 проценти повеќе смртоносен од претходните варијанти на вирусот, покажува најновото истражување. Во 4,1 од илјада случаи, инфекција со Б.1.1.7 доведува до смрт, според студијата на истражувачите од Универзитетот во Ексетер во Велика Британија, објавена во списанието „БМJ“. За претходните варијанти на корона вирус, стапката на смртност е 2,5 од илјада случаи.
За нивната студија, истражувачите анализирале парови на податоци од речиси 55.000 учесници во студијата. Луѓето имале позитивен тест за корона вирус помеѓу октомври и јануари. Откако го добиле резултатот од тестот, тие биле набљудувани од истражувачите 28 дена.
Фокусот на научниците беше на луѓето кои биле тестирани за корона вирус во нивната животна средина – а не во болница. Ова значи дека процентот на пациенти со ризик бил помал отколку во студиите засновани на податоци од болници. Ако резултатите од студијата може да се пренесат и на други групи на популација, тоа значи дека Б.1.1.7 има потенцијал „да предизвика значителна дополнителна смртност во споредба со варијантите што веќе се во оптек“, пишуваат авторите.
Со оглед на првичните студии, британската влада веќе предупреди во јануари дека мутанот Б.1.1.7 може да помине пофатален тек од оригиналната варијанта на корона вирусот во 40 проценти од случаите. Покрај тоа, научниците откриле дека Б.1.1.7 е многу попренослив од оригиналната варијанта.
Микробиологот од Универзитетот Ридинг, Сајмон Кларк, рече дека повисоките стапки на преносливост и морталитет што сега се идентификувани покажуваат дека „оваа варијанта на вирусот е значаен предизвик за здравствениот систем и креаторите на политиките“. Уште поважно е „луѓето да се вакцинираат кога ќе бидат повикани“.
Повеќето производители на вакцини за корона наведуваат дека нивната вакцина е исто така ефикасна против Б.1.1.7. Сепак, ефективноста на вакцините е нејасна за другите веќе постоечки варијанти, како што е онаа што во моментов се шири главно во Јужна Африка. (АФП)