Контраофанзива на Мексико по најави за зголемени царини на САД
Мексико почна контра-офанзива по закани за американски такси, со порака дека мерките преземени од страна на американската администрација против мигранти спречиле стотици илјади луѓе да стигнат до САД.
Мексико денеска објави дека ќе одбие договор за „трета безбедна земја” врз основа на кој се бара од азилантите прво да поднесат барање за азил во Мексико.
Мексиканската амбасадорка во САД, Марта Барсен, рече дека постои јасна граница за која треба да се преговара, а тоа е мексиканско достоинство.
Мексикански претставници отпатуваа во Вашингтон за средба со американските колеги, а на прес-конференција, мексиканскиот министер за надворешни работи Марсел Ебрард изјави дека секој договор со трета земја е неприфатлив за Мексико.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе воведе пет проценти такси за мексиканските производи почнувајќи од 10 јуни.