Конференцијата за Антарктикот заврши без договор за заштитени подрачја


Годинешниот состанок на Антарктичката комисија (CCAMLR) повторно не успеа да постигне договор за заштитени подрачја.

Набљудувачите соопштија дека земјите-членки не успеале да се согласат за формирање заштитени морски зони во Источен Антарктик, Веделовото Море и водите кај Антарктичкиот Полуостров, регион каде живеат пингвини, фоки и китови кои се под закана од климатските промени.

Министерот за земјоделство на Германија, Џем Оздемир, изјави дека отпорот на Русија и Кина е главен проблем за договорот. – Русија нема интерес за соработка, а Кина приоритет дава на искористувањето на ресурсите, рече тој.

ASOC посочува дека Антарктикот доживува невидени температурни аномалии и дека се појавуваат морски топлотни бранови, што претставува дополнителен притисок врз биодиверзитетот.