Конференција на Сојузот на здруженија на дијабетичари по повод Светскиот ден на видот


По повод Светскиот ден на видот, кој традиционално се одбележува секоја година во вториот четврток од октомври, Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија (СЗДСМ) организира конференција за медиуми со цел подигнување на свесноста за слепилото, оштетувањето на видот и промоција на здравјето на очите. Настанот ќе се одржи денеска со почеток во 14 часот, во просториите на Ресурсниот центар – Скопје.

На конференцијата ќе бидат презентирани едукативни материјали и информации за активностите и заложбите на СЗДСМ во областа на превенцијата, навремената дијагноза и зачувувањето на здравјето на видот, особено кај лицата со дијабетес. Ќе се дискутира за најчестите очни компликации поврзани со дијабетесот, како што се дијабетичната ретинопатија, дијабетичниот макуларен едем, влажната дегенерација на макулата и запушувањето на вената во мрежницата.