Колони од возила на граничниот премин „Богородица“
Сообраќајната раздвиженост на граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија од утрово е зголемена поради продолжениот викенд, поради прославата на велигденските празници. За излез од земјава се чека од 15 до 25 минути, велат од дежурната служба на граничната полиција.
-Во моментот има гужва од возила и автобуси, особено на излез од земјата каде концентрацијата на сообраќајот е поголема, а задржувањето на патниците поради обавување на задолжителните полициски и царински процедури не е подолго од 25 минути, велат од дежурната гранична служба.
Сите расположливи капацитети на граничниот премин се ставени во функција, а времето на чекање, велат граничните службеници, зависи од моментниот налет на сообраќајни бранови.