Колку средби се потребни додека не сфатите дека сте „судени“?
Дали прво ќе кажете „те сакам“ или прво ќе отидете во спалната соба? Кога ќе знаете дали сте создадени еден за друг? Има одговори на сите овие прашања…
Британските научници спровеле истражување во кое учествувале повеќе од 100.000 луѓе, со цел да ги испитаат навиките кога е во прашање заљубувањето во потенцијалниот партнер.
Анкетата покажала дека паровите обично одлучуваат за прв пат да имаат секс по четвртиот состанок. Сепак, првиот бакнеж паѓа по завршувањето на вториот состанок, а сето тоа се случува во првата недела од „врската“.
Волшебните зборови „Те сакам“ во просек се кажуваат по 14-та средба, без разлика дали партнерите веруваат во љубов на прв поглед или не.
„Новите“ партнери се гледаат на почетокот на врската во просек два пати неделно, а во кревет ќе завршат обично по две недели врска. Новиот партнер во друштво на партнери ќе биде претставен по шест состаноци, а на родителите ќе им биде претставен по шест недели, доколку врската стане доволно сериозна.
Потребни се најмалку 60 состаноци, открива истражувањето, за паровите да разберат дали се создадени еден за друг и дали се подготвени за брачен живот.