Колку долго всушност трае заразноста од Ковид-19?


Луѓето со благ Ковид  веројатно ќе бидат заразни пет дена, покажуваат резултатите од новата студија спроведена од научници од Империјал колеџ во Лондон.

Ова е прво истражување кое открива колку долго трае заразноста откако поединецот е заразен со корона вирус.

Студијата сугерира дека само еден од пет луѓе бил заразен за околинаата пред да почне да покажува симптоми.
Во две третини од случаите пациентите биле заразни и петтиот ден од почетокот на симптомите, а во четвртина од случаите и по седум, пренесува Хина.

Заразените се следат со детални дневни тестови за да се открие колку вирус испуштаат во нивната околина.

Резултатите покажуваат дека домашните тестови не го откриваат со сигурност почетокот на инфекцијата, но можат безбедно да се користат за да се скрати самоизолацијата.

Научниците препорачуваат луѓето со Ковид-19 да се изолираат пет дена по почетокот на симптомите, а потоа да започнат со тестирање шестиот ден.

Велат дека е безбедно да се прекине самоизолацијата доколку тестовите два дена по ред се негативни.
Оние кои се уште се позитивни на вирусот можат да ја прекинат изолацијата дури десет дена по почетокот на симптомите.

„Пред оваа студија ни недостасуваше голем дел од сликата за заразноста, но со помош на специјални дневни тестови и секојдневно снимање на симптомите, успеавме да го дефинираме „прозорецот“ во кој луѓето се заразни за другите“, вели главниот авор на студијата, професор Аџит Лалвани.

Ова е од суштинско значење за да се контролира секоја пандемија и било која респираторна болест во заедницата. Комбинирајќи ги нашите резултати со она што го знаеме од динамиката на омикронската инфекција, веруваме дека времетраењето на инфективноста е широко применливо за сите постоечки варијанти на овој коронавирус, рече тој.

Во студијата, заразените со коронавирус беа следени од септември 2020 година до октомври 2021 година, вклучително и вакцинирани и невакцинирани. Потенцијален недостаток на студијата е тоа што нејзиниот примерок е релативно мал, односно следени се 57 пациенти.
Резултатите од истражувањето се објавени во стручното списание The Lancet Respiratory Medicine.