Која храна да ја јадете доколку имате висок притисок: Ова јадете го најмалку двапати неделно


Доколку имате проблеми со хипертензија, еве што треба да внесете во вашата исхрана!

Со децении, лекарите предупредуваат на внесување сол, особено оние кои страдаат од хипертензија. Одржувањето нормален крвен притисок е критично за здравјето бидејќи им овозможува на хранливите материи и кислородот да стигнат до сите делови на телото, вклучувајќи ги и важните органи како што се срцето, мозокот и бубрезите.

Денес во Македонија секој втор човек има висок крвен притисок, а тој е водечка причина за смрт во светот. Луѓето кои имаат хипертензија се изложени на многу поголем ризик од мозочен удар и срцеви заболувања. Сепак, конзумирањето одредени намирници може да помогне во тоа, тврдат многу диететичари. Каква храна треба да јадете ако имате висок крвен притисок?

Јадењето здрав, хранлив појадок со малку натриум може да биде одлична основа за сите други оброци што ги јадеме подоцна во текот на денот. Правилната храна за појадок може да помогне во контролата на крвниот притисок и да го подобри протокот на енергија. Еве за која храна станува збор:

овесна каша
јајца
јогурт и бобинки
леб од цело зрно
несолени јаткасти плодови