Кои земји најмногу зависат од туризмот?


Без постојани приходи од туризмот, многу земји ќе се соочат со сериозни економски штети, вклучително и Хрватска, Црна Гора и Грција.

Во хрватскиот туризам се вработени 24 проценти од работната сила, Црна Гора вработува скоро 33 проценти од работниците, додека Албанија и Грција вработуваат 22% од овој сектор.

Во светот има 330 милиони работни места во туризмот, кои придонесуваат 10% во глобалниот БДП секоја година, пишува порталот visualcapitalist.com

Во 44 земји во светот, вкупното вработување зависи од патувањето и туристичкиот сектор за повеќе од 15 проценти.

Хрватска е туристичка дестинација која се надева дека ќе се отвори пред почетокот на сезоната, а во 2019 година имаше 13 милијарди долари приходи од туризам. Со население од нешто повеќе од четири милиони, туристичкиот сектор вработува 24 проценти од работната сила.

Во Црна Гора, од население од 680,000, скоро 33% од работниците се вработени во туризмот.

Некои островски земји, каде што голем број граѓани работат во туризмот, претрпуваат најголема економска штета.

Земјите ориентирани кон туристите остануваат најтешко погодени од глобалната забрана за патувања, но дури и најголемите светски економии ги чувствуваат ефектите.

Во Шпанија, туризмот е трет по големина сектор на националната економија. Доколку мерките за карантин останат на сила до септември, се проценува дека загубата ќе изнесува 68 милијарди долари.

Од друга страна, само 2,8 проценти од БДП на Јужна Кореја зависи од туризмот.

На врвот на списокот на земји кои најмногу заработуваат од туристичката индустрија во апсолутни количини во долари се САД, во кои туризмот учествуваше во вкупниот БДП во 2019 година со 8,6 проценти.

Денес, САД е најголемиот глобален епицентар на случаи на ковид – 19, па останува да се види што ќе се случи ако земјата повторно се врати на туристите пред летото.

Во исто време, придонесот на секторот за туризам во кинеската економија двојно се зголеми во последните 10 години и се приближуваше до 1,6 трилиони долари. За да помогнат во зајакнувањето на економската активност, Кина и Јужна Кореја ги олеснија ограничувањата со воспоставување патен коридор.

Бидејќи многу земји полека се отвораат, се појавуваат сè повеќе „патнички балони“. На пример, Естонија, Латвија и Литванија ги олеснија патните ограничувања и создадоа зона за патувања.

Австралија и Нов Зеланд исто така подготвуваат сличен договор. Ваквите „балони за патници“ им овозможуваат на граѓаните од секоја земја да патуваат во одредени зони.

Ковид- 19 ќе има долгорочно влијание врз вработувањето и глобалната економска активност со непредвидливи последици се заклучува текстот.