Кои три лоши навики ги поседуваат речиси сите интелегентни луѓе
Психолозите утврдиле кои три лоши навики ги поседуваат речиси сите интелигентни луѓе.
Психологот Кетлин Вогс, која спроведе истражување на оваа тема во 2013 година, изјави дека неуредноста, која многумина ја сметаат за лоша навика, всушност е карактеристика на паметните луѓе.
„Неуредните средини инспирираат да се ослободиме од традицијата, што може да доведе до нови откритија. Спротивно на тоа, уредните средини поттикнуваат конвенции и играње на безбедно“, изјави таа.
Истражувањето објавено во стручното списание Psychology Today покажа дека луѓето кои легнуваат доцна и долго спијат наутро имаат повисок коефициент на интелигенција.
„Во споредба со помалку интелигентните луѓе, поинтелигентните поединци одат на спиење подоцна во текот на работната недела и за време на викендите“, изјавија меѓу другото научниците.
Многу луѓе ги сметаат оние кои пцујат за вулгарни и груби. Меѓутоа, истражувањето спроведено на колеџот Марист во Њујорк го покажа спротивното – луѓето кои пцујат се поинтелигентни, имаат побогат речник и подобри реторички вештини. Утврдено е и дека се поискрени бидејќи пцуењето е поврзано со искрени емоции.