Кои се 30-те најплатени работни места за следната деценија

Проектирањето на идните деловни трендови во која било област, особено по она што ни го покажа глобалнo кризата предизвикана од пандемијата со корона вирусот, е многу тешка, речиси невозможна работа.
Сепак, познатиот американски портал Бизнис инсајдер се обиде со помош на статистички податоци да открие кои работни места ќе бидат барани во следните години.
„За да стигнеме до потенцијално добро платени занимања, кои ќе имаат добар раст, и во однос на побарувачката и платите, ги искористивме проекциите на Бирото за статистика на трудот и податоците за платите. Рангирањето според занимања е сведено на оние со плата над 41.950 американски долари“, велат во Бизнис инсајдер.
30. Индустриски инженер
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 30.000
Просечна годишна плата во долари, во 2020 година: 88.950
Типично ниво на образование што се бара: висока стручна спрема
29. Маркетинг менаџери
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 19.100
Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 142.170
Типично ниво на образование што се бара: универзитетска диплома
28. Специјалисти за помош во користење компјутери
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 54.800
Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 56.690
Типично ниво на образование што се бара: универзитетска диплома или специјализација без диплома
27. Менаџери за човечки ресурси
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 46.900
Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 64.490
Типично ниво на образование што се бара: висока стручна спрема
26. Наставници во основни училишта
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 51.400
Просечна годишна плата во долари, во 2020 година: 60.940
Типично ниво на образование што се бара: универзитетска диплома
25. Лиценцирани медицински техничари
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 65.700
Просечна годишна плата во долари, во 2020 година: 48.820
Типично ниво на образование што се бара: високо образование, со дополнителна обука
24. Логопеди
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 40.500
Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 80.480
Типично ниво на образование што се бара: магистерска специјализација
23. Механичар за индустриски машини
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 62.300
Просечна годишна плата во долари, во 2020 година: 55.490
Типично ниво на образование што се бара: средна стручна спрема, со дополнителна обука
22. Електричари
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 62.200
Просечна годишна плата во долари, во 2020 година: 56.900
Типично ниво на образование што се бара: средна стручна спрема или еквивалентно
21. Советници за ментално здравје – одвикнување од лоши навики или од дрога
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 79.000
Просечна годишна плата во долари, во 2020 година: 47.600
Типично ниво на образование што се бара: универзитетска диплома, со дополнителна обука
20. Менаџери за продажба
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 62.200
Просечна годишна плата во долари, во 2020 година: 58.700
Типично ниво на образование што се бара: средно образование, со дополнителна обука
19. Офталмолози и други лекари, освен педијатри
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 18.500
Просечна годишна плата во долари, во 2020 година: мин. 208.000
Типично ниво на образование што се бара: специјализација во медицината
18. Градежни менаџери
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 40.400
Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 97.180
Типично ниво на образование што се бара: универзитетска диплома
17. Адвокати
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 32.300
Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 126.930
Типично ниво на образование што се бара: високо образование, со правосуден испит и лиценца
16. Аналитичари за сајбер безбедност
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 40.900
Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 103.590
Типично ниво на образование што се бара: универзитетска диплома
15. Физиотерапевти
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 47.000
Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 91.010
Типично ниво на образование што се бара: висока сстручна спрема, со дополнителна обука
14. Аналитичари на компјутерски системи
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 46.600
Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 93.730
Типично ниво на образование што се бара: универзитетска диплома
13. Медицински асистенти
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 39.300
Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 115.390
Типично ниво на образование што се бара: специјализација во медицински науки
12. Сметководители и ревизори
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 61.700
Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 73.560
Типично ниво на образование што се бара: универзитетска диплома, со обука за лиценца
11. Професори на медицински колеџи
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 52.100
Просечна годишна плата во долари, во 2020 година: 99.090
Типично ниво на образование што се бара: докторат по медицински науки, со посебни специјализации
10. Експерти за управување со проекти
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 79.800
Просечна годишна плата во долари, во 2020 година: 77.420
Типично ниво на образование што се бара: високо образование, со дополнителна обука
9. Администратори на компјутерска мрежа
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 48.100
Просечна годишна плата во долари, во 2020 година: 151.150
Типично ниво на образование што се бара: високо образование, со дополнителна обука
8. Аналитичари за управување
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 93.800
Просечна годишна плата во долари, во 2020 година: 87.600
Типично ниво на образование што се бара: универзитетска диплома
7. Аналитичари за истражување на пазарот
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 130.300
Просечна годишна плата во долари, во 2020 година: 65.810
Типично ниво на образование што се бара: универзитетска диплома
6. Специјализирани медицински сестри
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 110.700
Просечна годишна плата во долари, во 2020 година: 111.680
Типично ниво на образование што се бара: високо образование, со дополнителна обука
5. Менаџери на здравствени установи
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 133.200
Просечна годишна плата во долари, во 2020 година: 104.280
Типично ниво на образование што се бара: високо образование, со дополнителна обука
4. Финансиски директори
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 108.100
Просечна годишна плата во долари, во 2020 година: 134.180
Типично ниво на образование што се бара: високо образование, со дополнителна обука
3. Генерални и оперативни менаџери
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 143.800
Просечна годишна плата во долари, во 2020 година: 103.650
Типично ниво на образование што се бара: универзитетска диплома, со дополнителна обука
2. Медицински сестри
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 221.900
Просечна годишна плата во долари, во 2020 година: 75.330
Типично ниво на образование што се бара: средно образование, со дополнителна обука
1. Програмери за софтвер и аналитичари и контролори за квалитет на софтвер
Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 316.000
Просечна годишна плата во долари, во 2020 година: 110.140
Типично ниво на образование што се бара: високо образование, со дополнителна обука