Кога високиот крвен притисок може да предизвика мозочен удар: Една положба е опасна, вака мерете го притисокот


Кога високиот крвен притисок може да предизвика мозочен удар?

Секој втор граѓанин на Македонија боледува од висок крвен притисок (хипертензија). Оваа опасна состојба е позната и како „тивок убиец“ бидејќи може да помине без симптоми.

Нормален крвен притисок го нарекуваме оној кој се движи помеѓу 120/80 и се што е над него бара употреба на лекови и промена на животниот стил. Високиот крвен притисок најмногу ги погодува артериите, а доколку не се лекува навреме може да доведе до зголемен ризик од срцев удар, мозочен удар, бубрежни заболувања, пукање на крвните садови и крварење на внатрешните органи.

Научниците од Универзитетот Харвард открија дека една позиција е особено ризична кога станува збор за опасните последици од хипертензијата. Доколку притисокот е висок, а личноста е во лежечка положба, постои поголем ризик од мозочен удар, заклучиле научниците од Харвард по студијата.

Што откри студијата?
Во експериментот во кој учествуваа повеќе од 11.000 луѓе, беше откриено дека хипертензивните пациенти кои лежат имаат поголем ризик од развој на срцеви проблеми и мозочни удари од оние кои седат. Ризикот се зголемува за 1,6 пати за проблеми со срцето и 1,86 пати за мозочен удар, велат научниците.

Авторите на студијата забележале и дека пациентите кои немале хипертензија, но имале повремено зголемување на притисокот, покажале слични неповолни резултати. Така тие препорачаа притисокот да се мери во лежечка положба, кога лицето е на грб, за да се добијат „појасни“ резултати и на тој начин да се спречи ризикот од развој на кардиоваскуларни заболувања и мозочен удар.