Кога не треба да јадете кисела зелка?


За некои, сепак, тоа не е најдобрата опција.

Неопходно е да се погледнат позитивните и негативните ефекти на кисела зелка, вели Георги Назаров, руски натуропат.

За киселење зелка се користи голема количина сол, што не е здраво, особено што после јадење пиете голема количина вода. Кога се внесува голема количина сол во организмот, човекот може да страда од зголемен крвен притисок, солта во организмот станува товар за бубрезите, се таложи во зглобовите и крвните садови. Поради солта вишокот течност се задржува и тешко се исфрла, а солта го нарушува соодносот на калиум и натриум и на тој начин влијае на грчењето на мускулите, особено околу вратот и ‘рбетот.

Ако кисела зелка веќе се консумира, солта треба целосно да се исфрли од друга храна и оброци.

Немирот во рацете и нозете често се јавува како резултат на нерамнотежа на калиум и натриум, предизвикана од премногу сол. Сè повеќе истражувања укажуваат на поврзаност помеѓу употребата на сол во исхраната и појавата на некои видови рак. Солта не се отстранува целосно од кисела зелка дури и со миење на листовите пред употреба.

Затоа, со кисела зелка, која несомнено е корисна, сепак треба да бидете внимателни.