Кога ја започнавте врската? И љубовта има хороскопски знак


Врските започнати напролет, во време на владеењето на Бик, ќе бидат силни и стабилни, исто како оние кои имаат започнато кога Сонцето е под власта на темната Шкорпија..

Овен

На партнерите кои својата врска ја започнале под власта на Овен никогаш нема да им биде досадно. Помеѓу нив секогаш има искри, а решението за сите кавги го наоѓаат во спалната соба. На другите веројатно оставаат впечаток дека се на работ на раскинување, но нивната врска е доволно силна и ќе ги преживее сите несогласувања и разлики. Помеѓу овие партнери нема лаги, а искреноста е една од темелите на кои градат силна врска.

Бик

Паровите кои започнале врска во знакот Бик имаат силна и стабилна врска. Овие врски успешно се спротивставуваат на сите проблеми, а партнерите наоѓаат поддршка еден во друг. Никогаш нема да им недостига нежност и страст. Единствена опасност може да биде фактот што партнерите целосно се препуштаат на заедничкото уживање, а ги запоставуваат другите блиски луѓе.

Близнаци

Двајца чија љубовна врска започнала во времето на владеењето на Близнаците се пред се добри пријатели и одлични животни сопатници. Расположени се за забава и излегување, имаат совршена меѓусебна комуникација, а отсуството на љубомора е уште една доблест на оваа врска. Негативната страна е што партнерите вложуваат премногу во општествениот живот, па постои голема веројатност во иднина да престанат да разменуваат нежности, а нивната врска да стане само пријателска.

Рак

Оваа врска ќе биде исполнета со нежност и романса, а партнерите нема да можат долго да се разделуваат. Никогаш нема да им недостига нежност и топлина, а и двајцата сакаат големо семејство со многу деца. Негативната страна е преголемата взаемна посветеност, бидејќи партнерите не сакаат да одат никаде еден без друг.

Лав

Врската започната во знакот Лав ќе биде полна со драма и страст. Партнерите жестоко ќе се расправаат во еден момент, а на повидок ќе има страсно помирување во спалната соба во следниот момент. Вообичаени се романтичните изливи на емоции. Овие парови се трудат да се претстават во најдобро светло пред другите, дури и кога меѓу нив има несогласувања.

Девица

Љубовната врска која започнала за време на владеењето на овој знак се карактеризира со издржливост и стабилност. Заемната желба за сигурност ги држи партнерите цврсто заедно, а искрената и отворена комуникација, како и отсуството на жестоки расправии се само дел од предностите на оваа врска. Партнерите ќе уживаат во интелектуални разговори и гледање филмови. Сепак, во оваа врска може да недостасува страст, бидејќи партнерите не се склони отворено да ги изразуваат своите емоции.

Вага

Во оваа врска се се врти околу љубовта, партнерите уживаат во размената на нежности, внимание и подароци, секогаш внимаваат на чувствата и желбите на другиот. Тие се заљубени, а романтичните вечери и заеднички излегувања им помагаат да ја задржат страста. Овие луѓе нема лесно да се впуштаат во расправии, па единствениот проблем може да биде недостатокот на искреност и потиснувањето на фрустрациите.

Скорпија

Ова е страсна и возбудлива врска која пука со емоции. Од моментот кога се запознале и двајцата почувствувале силна сексуална привлечност, која ќе биде главниот фактор за опстанок на оваа врска. Меѓутоа, честите расправии, љубоморните сцени и изливите на посесивност на крајот би можеле да доведат до крај на врската, доколку двајцата партнери не покажат поголема толеранција.

Стрелец

Врската, која започнала во владеењето на светлиот Стрелец, се заснова на меѓусебно почитување и разбирање. Партнерите не се оптоварени со љубомора и сомнеж, а не се од оние парови кои одат секаде заедно. Личната слобода и независност се секако еден од поважните факти во оваа врска.

Јарец

Оваа врска можеби не е исполнета со нежност, топлина и романтични гестови, но е стабилна и на партнерите им дава чувство на сигурност. Се почитуваат и никогаш не започнуваат кавги, емоционални уцени и манипулации. Тие ги решаваат сите проблеми брзо и лесно. Тие ги почитуваат парите и сигурноста што ја обезбедуваат. Сепак, треба повеќе да се потрудат на понежната страна на врската, за да не се изгуби меѓусебната блискост.

Водолија

Овој однос најдобро би можел да се опише како малку необичен и многу интересен. Можеби на прв поглед се работи за луѓе кои не си одговараат еден на друг, но всушност тие се совршен пар. Отсуството на љубомора е одлична основа за воспоставување стабилна врска. Врската би можела да трае долго, доколку партнерите не се „задушат“.

Риби

Ако сте нежни, романтични и барате постојани изливи на љубов, ова е идеалната врска за вас. Големата љубов и наклонетост што партнерите ги чувствуваат еден кон друг е гаранција за успех. Оваа врска ќе биде исполнета со емоции, па дури и со повремени драми, но во основа и двајцата партнери ќе се грижат за својата сакана и нема да им биде тешко повремени жртви за општото добро.