Челниците на сепаратистите признаваат дека Украина е во противнапад: „Русите се прегрупираат“
Повеќе челници на проруските сепаратисти од окупираните делови на Украина наведуваат дека руските сили се обидуваат да ги сопрат украинските противнапади.
Владимир Рогов, еден од челниците на сепаратистите во окупираниот регион Запорожје, за руската режимска агенција РИА вели дека „ситуацијата на бојното поле е напната“, додавајќи дека „украинскиот противнапад продолжува“.
Челникот на Херсон призна дека Русите се повлекуваат
Кирлим Стремусов, проруски челник на окупираниот Херсон, потврдил дека „руските сили се прегрупираат (еуфемизимм за повлекување), за да соберат сили и да го вратат ударот“ на украинските сили во тој регион.
Денис Пушалин, челник на самопрогласената проруска сепаратистичка парадржава Доњецк, пак тврди дека „украинските сили се повлекуваат кај Бохмут“, додавајќи дека „не можат да ги задржат порано окупираните позиции“.
Ни едно од овие тврдења не е независно проверено.