Ќе се зголеми сумата на студентскиот оброк, ама в година

Студентите бараат зголемување на субвенцијата за студентски оброк од 140 на 150 денари, но министерката за образоваие Весна Јаневска вели дека тоа може да се случи, но в година, по донесување на новиот Буџет за 2026 година.
– Да, треба да има нивелација на студентскиот оброк со инфлацијата, за следната година зборуваме. За оваа година, тие побараа проширување на квотата, ние ја проширивме квотата. Досега за сè што побарале сме им излегле во пресрет и јас им благодарам, бидејќи тоа тие и го признаваат, го промовираат – рече министерката Весна Јаневска.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска се надева дека постои можност за зголемување на сумата на студентскиот оброк поради инфлацијата, но како што рече – за следната година.