„Ќе биде полошо“: Руската економија втор квартал по ред во голем минус
Западните санкции и прекинот на увозот на висока технолигаја ја сакатат русаката економија. Остана само извозот на нафта преку море во Азија
Руската економија влезе во техничка рецесија под притисок на западните санкции, технолошката блокада и трауматичното ампутирање на стотици илјади работници.
Со загуба од 4,1 отсто во вториот квартал, според резултатите од јули-септември, рускиот БДП се намали за 4 отсто на годишно ниво, објави Росстат во средата.
Обемот на трговијата на големо падна за 22,6% на годишно ниво, откако санкциите ги затворија странските пазари за руските бизниси и ја прекинаа економијата од увозот на висока технологија. Прометот на мало опадна за 9,6% по излегувањето на западните брендови и најлошиот колапс на автомобилскиот пазар во историјата.
Срцето на суровата економија продолжува да чука, при што нафтените компании испорачуваат 3 милиони барели дневно по море, испраќајќи танкери во Азија што клиентите во Европа ги напуштија. Во исто време, поединечните индустрии доживуваат целосен колапс: во септември производството на автомобили во земјата падна за 77,4%, на фрижидерите – за 42,4%, на автобусите – за 21,1%, на лифтовите – за 29,1%, дизел локомотивите – за 29%, електрични апарати – за 24,5%.
Русија доживува „траен шок од страната на понудата и принудна структурна трансформација во нискотехнолошка економија, која ветува продолжена рецесија и намален потенцијал за раст“, пишуваат аналитичарите во Морган Стенли. Рецесијата што започна ќе продолжи најмалку уште два квартали, предупредува Александар Исаков, економист на Блумберг: прво, санкциите, вклучително и ембаргото на ЕУ и плафонот на цените, ќе го погодат извозот на нафта и второ, некои мерки за поддршка на владата, како што се повластените хипотеки, се при крај.
Во четвртиот квартал падот на рускиот БДП ќе се забрза до 7,1%, предвидува Централната банка на Русија. И во првиот квартал од 2023 година, може да достигне 8%, повторувајќи го анти-рекордот од 2020 година, според економистите анкетирани од Блумберг.
Владата уште во март очекуваше дека падот на БДП до крајот на годината ќе биде најсилен во последните 14 години. Но, колапсот не се случи и нема да се случи, вели Наталија Зубаревич, професор на Московскиот државен универзитет. „Ќе има тивко, спокојно, непрестајно, бавно деградирање. Ќе станува полошо и полошо, но чекор по чекор“, вели Зубаревич. „Економијата ќе се прилагоди, но никој нема да има корист од тоа“.