Кинезите ја дочекуваат Годината на тигарот


САД– Кинезите ширум светот се подготвуваат да ја дочекаат Годината на тигарот. Според традиционалниот кинески месечев календар, новата година почнува вечерва, на полноќ во Пекинг.

Годината на тигарот следи по Годината на бикот. Тигарот, третото од 12 хороскопски животни во кинеската митологија, претставува енергија и движење.

Кинеската Нова Година во 2022 година (1 февруари) ја носи Годината на тигарот, трета во кинескиот хороскопски циклус од 12 животни. Тигрите се родени во 2010, 1998, 1986, 1974, 1962, 1950 и така натаму.

Според суеверието, личноста родена во одредена година ги добива особините на животното од таа година. Лаура Лау за „LA Times“ рече дека луѓето родени во Годината на тигарот се моќни, бунтовни, динамични, авантуристи, огнени, импулсивни и непредвидливи. Тигрите, исто така, обично имаат силна етика, и со голем страс веруваат во работите што им се важни.

Годините на тигрите имаат потенцијал да бидат експлозивни. Но, бидејќи 2022 година е година на водниот тигар – мислејќи на петте елементи (оган, земја, метал, вода и дрво) кои ротираат заедно со животинските знаци – можеби е помалку агресивен. „Водениот тигар е тигар со отворен ум“, вели таа.

Оваа година, традиционалниот Семеен фестивал во Кина повторно е ограничен од пандемијата. Многу луѓе не можат да ги посетат своите роднини поради неодамнешното заострување на ограничувањето за патувања.

Министерството за транспорт во Пекинг очекува вкупно до 1,18 милијарди патувања да бидат остварени во текот на петнеделната новогодишна сезона. Тоа би било една третина повеќе од лани, но значително помалку од речиси трите милијарди патувања остварени 2019 година.