Кинеските крипто-рудари ги прекинаа активностите


Компаниите кои практикуваат т.н. рударење за криптовалути, вклучувајќи ги HashCow и BTC.TOP, ги запреа своите кинески операции откако Пекинг ги засили активностите против рударењето и тргувањето со биткоин.

Берзата на крипто-валути Хуоби во понеделникот ги суспендираше услугите за рударењње и тргување со крипто валути за клиенти од континентална Кина, додавајќи дека наместо тоа ќе се концентрира на странски компании.

Крипто-рударскиот базен BTC.TOP, исто така, објави дека го суспендира бизнисот во Кина поради регулаторни ризици, додека крипто-рудникот HashCow соопшти дека ќе престане да купува нови платформи за биткоин.