Кинески банкомат разменува златен накит за пари


Кина повторно покажа како технологијата може да го трансформира секојдневниот живот – овој пат преку нови, високо автоматизирани банкомати, кои им овозможуваат на корисниците да го заменат својот златен накит за готовина за само неколку минути.

Овие футуристички уреди, кои неодамна се појавија во големите кинески градови, функционираат како комбинација од банкомат и мини-лабораторија за обработка на скапоцени метали. Корисниците едноставно вметнуваат златен предмет – без разлика дали станува збор за ѓердан, прстен или нараквица – по што машината автоматски ја мери неговата тежина, ја одредува чистотата на златото и веднаш го започнува процесот на топење на температура до 1.200 степени Целзиусови.

Откако златото ќе се стопи и ќе се измери неговата пазарна вредност, соодветниот износ во јуани автоматски се префрла на банкарската сметка на корисникот. Целиот процес трае само неколку минути, а сè се одвива под будното око на софистицирани сензори и безбедносни системи.

Оваа технологија овозможува брз, безбеден и транспарентен начин на размена на злато за пари, без потреба од одење во златари или менувачници. Иако бројот на вакви уреди е сè уште ограничен, интересот на јавноста е огромен, особено кај помладата популација и урбаните корисници.