Кина сега бара од семејствата да имаат повеќе деца


Долги години Кина имаше национална политика за едно дете по семејство која беше применувана и со репресии. Сега, населението во земјата брзо старее и властите прават пресврт во семејната политика, пишува „Дојче веле“.

Брачните двојки во Кина сега треба да  имаат повеќе деца за да го забават стареењето на населението. Голем број мерки ќе ја поддржат плодноста. Кинеското Министерство за здравство најави дека за почеток треба да се прават помалку абортуси. Кина има една од највисоките стапки на абортуси во светот. Во иднина се очекува да се намалат абортусите кои не се медицински неопходни.

Покрај тоа, брачните двојки ќе можат полесно да имаат корист од третман во случај на неплодност. Предвидени се и даночни олеснувања за семејствата, како и поголема поддршка за образованието на децата, а работодавачите мора да обезбедат повеќе услови за семејствата со деца.

Во последниве години, комунистичката влада неколку пати се обиде да ги охрабри кинеските парови да имаат повеќе деца. Земјата има и една од најниските стапки на наталитет во светот и на најнаселената земја во светот и се заканува стареење и намалување на населението.

Помеѓу 1980 и 2015 година, на брачните парови во Кина им беше дозволено да имаат само едно дете со неколку исклучоци. Абортусите играа голема улога во спроведувањето на политиката за едно дете. На овој начин, државното и партиското раководство сакаше да го забави брзиот раст на населението и да обезбеди дека ќе има доволно храна за сите Кинези.

Од 2016 година, оваа политика постепено се релаксираше, но наталитетот остана на исклучително ниско ниво. Многу парови сметаат дека е премногу скапо да имаат повеќе од едно дете. Исто така, многумина пораснале како како едно дете  и го гледаат ова како нешто нормално. Експертите очекуваат дека строгата стратегија на Пекинг „нулта Ковид “ исто така да доведе до дополнително намалување на стапката на наталитет.