Ким Мехмети: ВЛЕН се вазали без легитимитет

Аналитичарот и писател во колумна за албанскиот топ Ченел вели дека ВЛЕН за 15 месеци успеала да ја ослободи ДУИ од своите гревови


Ким Мехмети

 

Познатиот албански аналитичар и пистател Ким Мехмети вели дека било неверојатно како владеајчката ВЛЕН за само 15 месеци успеала да ја ослободи ДУИ од своите гревови, а дека самите тие се поставиле во улога на вазали на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски.

Во колумна за телевизискиот канал Топ ченел од Албанија Мехмети ја критикува ДУИ но вели дека „мора јасно да се каже на албански јазик дека оние кои ги бранат принципите, а не своите џебови, мора да признаат дека, колку и да беше лошо, ДУИ отсекогаш имала и сè уште има нешто што никој не може да го негира, а што ВЛЕН денес го нема – албански легитимитет“.

Тој додава дека ако албанските партии навистина го сакаат доброто на својот народ, тогаш никогаш не би соработувале со ниедна македонска партија ако таа не прифати во Уставот, нивниот народ да се именува со неговото вистинско име – Албанец, а не „20 проценти“. И дека владата итреба да се бира, а буџетот да се усвојува според Бадентеровиот принцип – со двојно гласање!

„Кога ги слушате критичарите на ДУИ како со право ги бројат нејзините неуспеси од минатото, не можете да разберете како не гледаат дека ВЛЕН денес ја прифатил улогата што никогаш не може да се припише на ниту една албанска партија – да биде вазал без легитимитет.

Значи, денес кога ги слушате бранителите на ВЛЕН, не можете а да не бидете ‘воодушевени’ од нивната вештина во избегнувањето на елементарното прашање: кого претставува ова тројство политички ‘секти’ денес во владата на ВМРО-ДПМНЕ?“

Според Мехмети, ВЛЕН остана важечки само за ВМРО-ДПМНЕ, а за 15 месеци успеа да ја „испере“ ДУИ од сите свои дваесетгодишни гревови.

„Значи, на некој начин, ДУИ денес е зајакната од ВЛЕН и нејзините бранители. ДУИ е ослободена од своите гревови од сите оние кои не разбрале дека само народот ја има својата судбина во свои раце и дека ниту доброто ниту лошото не го одредуваат другите.

Затоа, ДУИ беше зајакната од сите оние кои правеа албанството да личи на професија, а не на етничка припадност и кои им дозволуваа на албанските политичари да бидат Албанци само доколку не станат министри или високи државни функционери“, пишува Ким Мехмети.