Кејт Мидлтон ги врати туфните на Ројал Аскот

Англија- Кејт Мидлтон беше ѕвезда на славните коњски трки Royal Ascot во петокот.
Придружувајќи му се на својот сопруг, принцот Вилијам, 40-годишната Кејт ја предводеше водеше кралската поворка на еден од најгламурозните настани во Велика Британија каде што повеќе се зборува за модата отколку за спортските резултати.
Облечена во бел и кафеав фустан со туфни од Алесандра Рич, Кејт беше слика на елеганција со црно-белата екстравагантна шапка, бисерни обетки кои некогаш ѝ припаѓаа на принцезата Дијана кафени салонки на Ралф Лорен.
Бело-кафеавиот фустан на од Алесандра Рич, имаше неверојатна сличност со црно-белиот фустан со туфни што го носеше на комеморацијата на принцот Филип на почетокот на април.
Споделувајќи сличен дизајн со долги ракави, и рамења со надуени рамења, војвотката од Кембриџ се одлучи за посветла верзија на она што брзо станува нејзин стил на облекување.