Казна од 3.000 евра за запалена депонија во Велес
На 29-ти јули, државен инспектор за животна средина изврши надзор на запалена депонија во Велес, од која беше загаден и воздухот во градот.
По надзорот, изречена е казна од 3.000 евра во денарска противвредност и издадена е наредба за примена на законски пропишани технички услови (дневно прекривање со земја и 24-часовен надзор), согласно Законот за управување со отпад.
Државниот инспекторат за животна средина продолжува со надзори на општинските непрописни депонии и тоа во: Пробиштип, Охрид, Струмица, Берово, Ново Село, Русино и секаде кадешто комуналните претпријатија не постапуваат согласно закон.
Известување до сите потенцијални загадувачи дека Инспекторатот повеќе не дава опомени, туку преминува директно на санкции. Нема оправдување за пожарите на депониите, бидејќи граѓаните не смеат да дишат загаден воздух.