„Нвидија“ сака да ја преземе АРМ


Јапонскиот конгломерат „Софтбенк“ (Softbank) ја понуди на продажба британската компанија АРМ, која се занимава со дизајн на чипови. Веднаш потоа, се појавија информации за компании заинтересирани за евентуално преземање на АРМ. Во извештајот објавен од Блумберг се споменува „Нвидија“ (Nvidia) како една од главните заинтересирани компании, додека компанијата со седиште во Купертино, наводно, не покажала […]

Светските интернет платформи ги запреа нацистичките и расистички содржини


Најголемите светски интернет платформи, Гугл, Амазон и Виш донесоа одлука да ги стопираат и отстранат нацистичките и расистичките содржини и реклами, јави денеска Би Би Си. Знамињата на расистичките организации кои се залагаат за доминација на белата боја, неонацистичките книги и опрема за членовите на Кју Клукс Клан веќе нема да можат да се рекламираат […]

Ќерката на принцот Алберт од Монако „благодарна што е жива“ по дијагнозата на коронавирус


Монако– Ќерката на принцот Алберт од Монако е на лекување откако ѝ беше дијагностициран коронавирус – исто како што доживеа нејзиниот татко пред неколку месеци. Јасмин Грималди, 28-годишната ќерка на Алберт од својата кратка врска со Американката Тамара Ротоло, на Инстаграм сподели дека е „толку благодарна што почнува конечно да се чувствува своја“ , три […]

Леопард жаби забележани во централна Аризона


Редок вид т.н. леопард жаби неодамна се пронајдени во средишните делови на американската сојузна држава Аризона, надвор од вообичаеното нивно живеалиште. Станува збор за подвидот наречен „чирикава“. Примерок неодамна беше фотографиран од шумски извидник во близина на местото Камп Верде во централна Аризона. Биолозите подоцна утврдија дека уште најмалку десет примероци од тој вид живеат […]

Научници тврдат дека лилјаците се отпорни на коронавирусот


Aнглија – Со изолирање на генот на лилјакот, научниците дошле до заклучок дека ова животно има уникатен имунолошки систем и е отпорно на коронавирусот, изјави Ема Тилинг, професор на Универзитетот во Даблин. Според неа, доколку научниците би можеле да најдат начин да го имитираат имунолошкиот систем на лилјакот, можеби во природата ќе може да се најде […]

„Епл“ ја презакажа презентацијата на новите модели Ајфон за крајот на октомври


Компанијата „Епл“ ја презакажа планираната презентација на новите модели паметни телефони Ајфон за еден месец подоцна, односно кон крајот на октомври. Како што соопшти изданието Бизнис инсајдер, во октомври ќе биде претставен моделот Ајфон 12 со работа на 4Г мрежата, а во ноември ќе биде претставен паметниот телефон што работи на 5Г мрежата. Според американските […]

Венчавка на граница: Швеѓанец и Норвежанка рекоа „да“ секој во својата земја


  Со оглед на тоа дека Швеѓаните и норвежаните не смеат да патуваат во соседната земја поради корона вирусот, една двојка реши да се венча на граница меѓу овие две земји. Би-би-си пишува дека невестата Камила Ојорд од Норвешка и зетот Александер Клерн од Шведска ги изрекоа своите завети пред неколку дена на церемонија одржана […]

Принцот Хари и Меган Маркл со уште една тужба против папараците


САД– Принцот Хари и Меган Маркл покренаа правна постапка во САД, против засега неименуван фотограф, кој наводно, го снимил нивниот 14-месечен син Арчи со дрон. Тоа се случило над нивната куќа во Лос Анџелес за време на карантинот поради корона-пандемијата. Двојката во тужбата наведува дека сликите се напад на нивната приватност. – Секој поединец и […]

Една третина од Словенија ќе добие 5G мрежа до крајот на годината


Телеком Словенија почна со воведување на првата комерцијална 5G мрежа во земјата со употреба на постојни базни станици во рамките на фреквенцискиот спектар од 2600 MHz кој се користи за 4G. Компанијата соопшти дека 5G мрежата првично ќе покрие околу 25 проценти од територијата на земјата, и дека до крајот на годината тој процент ќе надмине 33 отсто. Словенечкиот национален телекомуникациски оператор најави дека подобрената 4G/5G мрежа ќе […]

(Галерија) Блиска средба со кометата Неовајс


Основното правило за набљудување на кометата е што потемно, тоа подобро. За жал, такво нешто е тешко да се најде, особено во околината на Скопје Професионалци и ентузијасти, вљубеници во вселената и обични граѓани – очите на многумина деновиве по зајдисонце се насочени кон северозападниот хоризонт, нешто под соѕвездието Голема мечка, во обид да ја […]

Циметот помага против состојба на преддијабет


САД – Циметот ја подобрува контролата на шеќерот во крвта кај лица во преддијабетна состојба и може да го забави неговиот развој кон дијабетес, велат новите научни сознанија објавени во американскиот „Журнал“ за ендокринологија. Група научници од САД, Германија и Јужна Кореја спроведоа клинички испитувања за влијанието на циметот врз контролата на шеќерот во крвта […]

Кина лансираше вселенско летало на Марс


Кина лансираше бесспилотно вселенско летало кон Марс од космодромот Ванчан, на јужниот кинески остров Хајнан. Вселенското летало „Тјанван-1“ ќе помине најмалку 55 милиони километри за до февруари да пристигне на Марс, каде ќе ја истражува атмосферата и површината на Црвената планета. „Тјанван-1“ ќе атерира на Марс и ќе испрати робот, кој ќе ја испитува површината […]

Југословенскиот брод „Галеб“ оди на реставрација


Бродот за морнаричка обука „Галеб“ од времето на поранешниот „доживотен претседател“ на СФР Југославија, Јосип Броз Тито, вчера пристигна од хрватското бродоградилиште Далмонт во Краљевица, до бродоградилиштето „Виктор Ленац“. Причината е чистење и обнова на пловилото, коешто ќе трае околу еден месец. Се работи за целосна санација, реставрација и пренамена. Покрај миењето и отстранувањето на […]

Нова Булгари колекција накит со Барок мотиви


Италија– Дизајнерката на новиот Булгари накит, Лусија Силвестри создаде линија инспирирана од барокниот стил. Колекцијата и е наречена така – „Барок висококвалитетна колекција накит“, а мотивите се италијанската престолнина Рим и неговата единствена култура. – Кога излегов од самоизолација, почнав да го ценам Рим повеќе. Го откривав мојот град и сè што порано не бев видела. Тогаш сфатив […]

Пандемијата може да го зголеми економскиот јаз помеѓу половите


Пандемијата со новиот коронавирус би можело да го загрози напредокот што го постигнаа жените во последните три децении во намалувањето на економскиот јаз со мажите, истакна денеска извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева. Таа додаде дека економскиот шок предизвикан од здравствената криза повеќе ги погоди жените отколку мажите, бидејќи поголем е бројот […]

Фејсбук ќе го тестира алгоритмот за расна дискриминација


Фејсбук ќе прави проверка дали алгоритмите на социјалните мрежи можат да доведат до расна дискриминација и да ги отстрани недостатоците. Тимови од експерти кои се занимаваат со „еднаквост“  се формирани во самата компанија и во компанијата на Инстаграм, што е во сопственост на Фејсбук. Експертите ќе истражуваат како алгоритмите влијаат врз  припадниците на националните малцинства. […]

„Волстрит џурнал“: Колку е смртоносен новиот коронавирус?


Шест месеци по почетокот на пандемијата на новиот коронавирус, научниците се блиску да најдат одговор на едно од главните прашања за вирусот – Колку е смртоносен? Истражувачите кои првично анализирале податоци за појава на кластери на бродови и неодамнешни студии со илјадници луѓе во жариштата, сега спроведуваат десетици студии за да се утврди бројот на […]

Полицијата во Италија пронајде повеќе од 500 зрна кафе полни со кокаин


  Полицијата во Италија откри 130 грама кокаин кој бил во повеќе од 500 зрна кафе доставени во Милано. Пакетот стигнал на миланскиот аеродром „Малпенса“ од Колумбија. Полициските инспектори се посомневале заради тоа што пакетот бил адресиран на фиктивно име Сантино Дантонио, шефот на мафијата од филмот „Џон Вик: Дел2“, јави Си-ен-ен. Затоа инспекторите го […]

Поларните мечки ќе исчезнат до 2100 година


Поларните мечки ќе бидат истребени до крајот на овој, 21. век, ако не се направи нешто повеќе за борба против климатските промени, посочуваат новите научни истражувања. Стручните лица тврдат дека некои групи веќе ги достигнале границите на опстанокот затоа што морскиот мраз на Арктикот се намалува. Испитувањата и досега покажаа дека опаѓањето на ледот, веројатно, […]

Научници: Комарците не пренесуваат коронавирус


САД– Комарците не го пренесуваат коронавирусот, уверуваат повеќе научни и здравствени центри во светот. Лоренс Стенбери, директор на Институтот за глобално здравје при Колеџот Вагелос во Њујорк, изјави дека при истражување, нивните научници се обиделе да заразат комарци со коронавирус, но не успеале. – Комарците имаат некои вируси кај нив. Но, апсолутно, нема докази дека […]