Експлозии во американска база во источна Сирија


Во американската база во провинцијата Деир ез-Зор, во источна Сирија, се слушаат експлозии, јави либанскиот ТВ канал „Ал Мајадин“, повикувајќи се на локални извори. -Се слушаат експлозии во американската база на гасното поле „Конико“, на северот од провинцијата Деир ез-Зор, наведуваат  изворите. Телевизијата наведува дека причина за експлозиите најверојатно е ракетен напад. Портпаролот на Пентагон, […]

Конфликтот на Блискиот Исток – можност Русија и Кина да ги истакнат сопствените интереси


Откако го преземаа товарот на безусловната одбрана на Израел во неговата војна против Хамас и неговото вооружување, САД ризикуваат да ги отурнат од себе своите поддржувачи во арапскиот свет. Губење на влијание кое, според експертите, може да биде корисно за Русија и особено за Кина. Вашингтон се обиде да ја изолира Москва, а до одреден […]

Бајден со закана до ајатолахот Хамнеи: Не напаѓајте ги Американците на Блискиот Исток


Американскиот претседател Џо Бајден испрати ретка порака до иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, предупредувајќи го Техеран да не ги гаѓа американските војници на Блискиот Исток, соопшти Белата куќа, по серијата напади врз американските сили во регионот. -Испратена е директна порака, рече портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, на брифинг, но не даде детали. […]

(Видео) Ураганот Отис го опустоши Мексико, загинаа 27 лица, уништени хотели во Акапулко…


  Најмалку 27 лица загинаа, а четворица се водат како исчезнати откако ураганот Отис го погоди Мексико, соопштија властите. Невремето се засили вчера пред да го погоди Акапулко, популарен туристички град на плажа со повеќе од милион луѓе, објави Скај њуз. Десетици илјади луѓе се без струја и чекаат помош повеќе од еден ден откако […]

Се уште се трага по убиецот од САД. Пронајдена е мистериозна порака


Продолжува потрагата по напаѓачот кој уби најмалку 18 и рани 13 лица во масовно пукање што се случи во куглана и бар во градот Левистон во американската сојузна држава Мејн. Ова е најсмртоносното масовно пукање во САД оваа година. Канцеларијата на шерифот на округот Андроскогин објави две фотографии од осомничениот на Фејсбук, велејќи дека тој […]

Пентагон: Американските ловци гаѓале складишта поврзани со иранската гарда во Сирија


Врз две локации во источна Сирија, каде се наоѓаат групи поврзани со иранската Револуционерна гарда, од рано утринава американски ловци изведуваат воздушни напади, како одмазда за нападите што почнаа минатата недела врз американските војници во регионот,  соопшти Пентагон.  Американските медиуми цитираат висок американски воен претставник, кој наведе дека авионите Ф-16 извршиле прецизни напади во близина […]

Шведска нема да го депортира лицето што го запали Куранот


Шведската миграциска служба соопшти дека одлучила да депортира Ирачанец кој запали копии од Куранот, муслиманската света книга, но оти наредбата нема да биде спроведена бидејќи човекот може да биде подложен на тортура во неговата татковина. Шведска го подигна нивото на закана од тероризам на второто највисоко ниво во август и предупреди на зголемување на заканите […]

Почина поранешниот кинески премиер Ли Кечијанг


Поранешниот кинески премиер Ли Кечијанг (68) почина рано утрово откако доживеа ненадеен срцев удар во Шангај, јави државната новинска агенција Синхуа. Поранешниот кинески премиер доцна синоќа доживеа срцев удар и почина во 12:10 часот денеска по локално време откако не успеале обидите за реанимација. Ли Кечијанг се повлече од функцијата премиер во март по 10 […]

Бајден ги повика законодавците да донесат закон за забрана на јуришно оружје


Претседателот на САД, Џо Бајден, изрази сочувство за жртвите од „уште една бесмислена и трагична масовна стрелба“, што се случи во градот Луистон, во сојузната држава Мејн, и ги повика жителите од регионот да ги почитуваат предупредувањата на локалните власти. Во претседатското соопштение објавено синоќа од Белата куќа се наведува дека многубројни службеници на федералните […]

Европски суд на ревизори: Набавките во агенциите на ЕУ не се секогаш во согласност со правила


Агенциите на ЕУ лани не менаџираа со финансиите на исто ниво како во претходните години, а четири од нив не беа во позиција да дадат прецизни податоци за начинот на кој ги трошат средствата на Унијата, се наведува во извештајот на Европскиот суд на ревизори за работата на 43-те агенции кои функционираат на ниво на […]

Хамас тврди дека загинале 50 заложници во Газа


  Околу 50 израелски заложници кои ги држеше Хамас во Појасот Газа се убиени откако Израел почна да ја бомбардира палестинската територија. Ова го соопштија бригадите Из-Дин ал-Касам, вооруженото крило на Хамас, цитирано од АФП. Оваа информација не може да се потврди. Претставниците на Хамас претходно разговараа за судбината на заложниците со руски дипломати во […]

Масовниот убиец од Мејн е резервист, вешт со оружје и одлично се снаоѓа во природа


Осомничениот за масовното пукање во Мејн е вешт стрелец и човек кој лесно може да се снајде на отворено. Тој беше меѓу најдобрите стрелци во неговата резервна единица на армијата, изјави поранешен соработник на единицата за Си-ен-ен. Роберт Кард, кого полицијата го бара во врска со смртоносното пукање во кое загинаа најмалку 18 луѓе во […]

Актерката Сузан Сарадон тврди дека во Газа е фрлен експлозив колку со атомската бомба во Хирошима


Холивудската актерка Сузан Сарадон ја според ситуацијата во Газа со таа во Хирохима по фрлањето на атомската бомба.  „Количеството на експлозив фрлен врз Газа надмина 12.000 тони што е рамно на големината на бомбата фрлена во Хирошима, напиша Сарадон на Твитер. 

„Најголема грешка во прогнозата“: Како ураганот Отис го уништи милионскиот Акапулко


Еден ден по ужасниот удар на ураганот Отис на Акапулко, кој со ветрови од над 300 км/ч ја прекина комуникацијата со овој милионски мексикански туристички центар, бројот на жртви, кои според сите информации ги има, сѐ уште не е познат, ѐ штетата е непроценлива. Отис се очекуваше да го погоди мексиканскиот брег во средата наутро, […]

Русија ќе ги продлабочува односите со Северна Кореја во сите сфери


Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков одговарајќи на новинарско прашање посочи дека Москва планира да ги продлабочи односите со Северна Кореја. – Северна Кореја е наш сосед и ние продолжуваме да развиваме блиски односи во сите сфери, посочи Песков. Неговата изјава уследи откако Јужна Кореја, Јапонија и САД вчера ја осудија Северна Кореја поради, како што […]

Борел до Орбан: Никој не ја тера Унгарија да биде дел од ЕУ


  Никој не ја тера Унгарија да биде дел од Европската унија“, изјави  високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. Така првиот дипломат на ЕУ му одговори на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека Европската унија е „лоша модерна пародија“ на СССР. „Искрено, не гледам никаква сличност меѓу советската окупација на […]

Маж се самозапали пред Мекдоналдс во Ливерпул?


Рано утринава, возила на брза помош пристигнаа во ресторан за брза храна во Волтон, Ливерпул, по извештаите за лице кое бара итна медицинска помош со сериозни изгореници. Очевидци на настанот велат дека мажот се запалил. Мажот е пренесен во болница и е во критична состојба. Пред ресторанот има полициски и возила на брза помош. Полицијата […]

Фицо: Словачка ги прекинува испораките на оружје за Украина


Новиот словачки премиер, Роберт Фицо, денеска објави дека неговата земја го запира снабдувањето со оружје за Украина и ќе ја ограничи својата поддршка на „цивилна и хуманитарна помош“, пренесоа француските медиуми. -Сметаме дека помошта за Украина е само цивилна и хуманитарна, нема да испорачаме повеќе оружје на Киев, рече Фицо, еден ден откако беше назначен […]

ЕУ ќе бара хуманитарен коридор и „пауза“ за бомбардирањата во Газа


ЕУ ќе повика на „хуманитарни коридори и паузи“ во гранатирањето на Газа за да се овозможи храна, вода и медицински материјали да стигнат до Палестинците, стои во заклучоците што денес ги разгледуваат и треба да ги донесат министрите за надворешни работи, Официјалната декларација ќе биде објавена по самитот на лидерите на 27-те членки на блокот […]

Во ракетен напад убиено семејството на дописникот на Ал Џезира од Газа


  Ал Џезира соопшти дека шефот на нејзиното биро во Газа, Ваел Ал Дахдух, ги загубил сопругата, синот, ќерката и внукот во, како што рече, израелскиот воздушен напад во средата. Експлозијата погодила куќа во бегалскиот камп Нусеират во центарот на Газа каде семејството се засолнило откако било раселено, според новинската организација. „Членовите на семејството на […]