Бајден: Работиме на прекин на огнот во Газа за најмалку шест недели


САД работат на преговори за прекин на огнот во Појасот Газа за најмалку шест недели, како дел од поширок договор кој ќе вклучи ослободување на заложниците, изјави американскиот претседател Џо Бајден за време на неговата средба со јорданскиот крал Абдула Втори. Бајден, исто така, рече дека цивилите кои се кријат во јужниот град Рафа, на […]

Во руски напад на Дњепар оштетена термоцентрала


Во ноќешниот напад на руските сили со ракети и дронови врз градот Дњепар, во централна Украина, оштетена е термоцентрала, а дел од градот остана без вода, соопштија украинските власти. Нападот на градот со нешто помалку од милион жители е извршен со проектил и четири групи беспилотни летала од повеќе правци, се наведува во објавата на […]

Еден убиен во пукање во метрото во Њујорк по расправија меѓу две групи тинејџери


Едно лице загина, а петмина се повредени во пукање во метрото во Њујорк по расправија меѓу две групи тинејџери. Стрелецот се уште не е уапсен, соопшти полицијата во најнаселениот град во САД. Инцидентот се случил на метро станицата во Бронкс вчера попладне по локално време, на почетокот на вечерниот шпиц, кога многу деца се враќаат […]

Трамп побара од Врховниот суд да ја паузира судската одлука која го лишува од апсолутен имунитет


 Поранешниот претседател Доналд Трамп синоќа поднесе барање до Врховниот суд на САД судот да ја паузира одлуката на апелациски суд според која се одби неговото барање за апсолутен имунитет од кривичен прогон, а поврзано со неговите обиди за поткопување на резултатите од изборите во 2020 година, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Ако судиите од […]

Момче од Британија исчезнало цели 6 години. Се надева дека полицијата нема да ја најде мајка му


Тинејџерот Алекс Бати од Олдам, Велика Британија се вратил дома кај својата баба откако исчезнал пред шест години, пишува Sky News. Имаше 11 години кога отиде на одмор во Шпанија во 2017 година со неговата мајка Мелани и дедото Дејвид, кои не му беа законски старатели. Неговиот законски старател беше неговата баба Сузан Каруана. Мајка […]

Десетици руски авиони мистериозно исчезнаа


Руските власти го истражуваат мистериозното исчезнување на неколку авиони, од кои некои завршиле во рацете на украинските сили кои се борат против московските трупи, јавуваат руските медиуми. Руската служба за безбедност ФСБ ги истражува наводите дека Московската Федерална агенција за воздушен транспорт Росавијација испратила руски цивилни авиони и хеликоптери во „непријателските земји“, објави рускиот весник […]

ЕУ ја одобри правната основа за користење на приходите од руските замрзнати средства


Советот на ЕУ денеска одобри одлука и резолуција со која се обезбедува правна основа за користење на приходите од замрзнатите руски средства за поддршка на Украина во иднина, се вели во соопштението на Советот. Во соопштението објавено на веб-страницата на ЕУ, се прецизира дека со донесената одлука и регулатива се појаснуваат обврските на Централните регистри […]

ОН: Во моментот ниту едно место во Појасот Газа не е безбедно за цивилите


Портпарол на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА), Јенс Лаерке изјави дека натамошните судири во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа ќе ја загрозат испораката на веќе ограничената хуманитарна помош. Тој предупреди дека повеќе од милион луѓе во моментов се во Рафа и дека живеат во многу тешки услови. […]

Израелските сили спасија двајца заложници, а при тоа убија 67 Палестинци


  Израелските сили спасија двајца заложници рано во понеделникот кога упаднаа во силно чуван стан во Појасот Газа извлекувајќи ги заробениците под оган во драматична акција што беше мал, но симболично значаен успех за Израел. Во тешки воздушни напади кои обезбедија покритие за операцијата загинаа најмалку 67 Палестинци, според здравствените власти на опколената територија. Маките […]

Во Барселона живеат со 200 л вода дневно, нема доволно дожд


Шпанските туристички региони Андалузија и Каталонија се соочуваат со недостиг на вода поради недостигот на дожд, па во текот на претстојното лето имаат намера да ја ограничат потрошувачката на вода од локалното население и туристите, најавија нивните власти. Во јануари температурите во крајбрежните региони достигнаа 30 степени Целзиусови, што претходно не беше забележано во јануари, […]

Шведска: Голем пожар во водениот парк во Гетеборг, црн чад се издига над градот


Голем пожар го зафати новиот воден парк Океана во шведскиот град Гетеборг, а голем облак од црн чад се шири низ градот. – Тоа е поголем пожар. Ние сме на местото на настанот, изјави Бјорн ван дер Каај, оператор за аларм и линија во Спасувачката служба во Гетеборг. Чад од пожарот може да се забележи […]

Хаос во 15 болници во Романија по кибер напад


 Во 15 болници во Романија, по кибер напад утрово, медицинските услуги не можат да се регистрираат, а итните служби се полни со пациенти, пренесуваат романските медиуми. Меѓу 15-те болници, најмалку три се од Букурешт. Станува збор за Националниот институт за пневмологија „Мариус Наста“, Клиничкиот завод „Фундени“ и Ургентната болница „Багдасар-Арсени“. Системот за медицински услуги во […]

Борел: НАТО не може да зависи од расположението на американскиот претседател


НАТО не може да зависи од расположението на американскиот претседател, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел одговарајќи на новинарско прашање поврзано со изјавите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. – Ќе бидам саркастичен, во таа кампања ќе слушнеме и видиме многу работи, рече Борел. Да бидеме сериозни, НАТО […]

Џон Кирби со нова функција во Белата куќа – советник за комуникации поврзани со националната безбедност


Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, сега ќе има поголема улога во администрацијата на Белата куќа. Според американски официјални претставници, тој ќе има нова функција – советник за комуникации поврзани со националната безбедност. Кирби започна со работа во Белата куќа во 2022 година како координатор за стратешки комуникации на Советот […]

Украина соопшти дека уништила 14 од вкупно 17 дронови лансирани од Русија


Украина уништи 14 од 17 дронови лансирани од Русија, соопштија украинските воздухопловни сили. Уништена е и една крстосувачка ракета Х-59. Русија врз Украина исто така истрелала проектили земја-воздух со долг дострел од системите С-300. Украинските сили досега не информираа колку такви проектили биле истрелани или дали погодиле некоја цел на украинска територија.

Џил Бајден: Не можам да замислам дека некој ја користи смртта на нашиот син за да освои политички поени


Првата дама на САД, Џил Бајден, им порача на донаторите на кампањата дека не знае што се обидувал да добие специјалниот обвинител Роберт Хур кога му предложил на нејзиниот сопруг, американскиот претседател Џо Бајден, да не се сети кога починал неговиот син Бо. „Треба да имаме разбирање за сè и не можам да замислам дека […]

Американскиот министер за одбрана на интензивна нега


 Американскиот министер за одбрана Лојд Остин е примен на одделението за интензивна нега во рамки на неговата хоспитализација поради итен проблем со мочниот меур, соопшти Пентагон. „Вечерва, по серија тестови и проценки, министерот беше примен на одделот за интензивна нега во Националниот воено медицински центар ‘Волтер Рид’ за поддршка и внимателно следење“, се вели во […]

Руските дезинформации топ тема на состанокот меѓу МНР на Франција, Германија и Полска


Министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Полска денеска ќе се сретнат во дворецот де ла Сел во близина на Париз за да разговараат за продлабочување на надворешнополитичката и безбедносната соработка, а руските напори за дезинформации се високо на агендата, јави ДПА. Францускиот, германскиот и полскиот министер за надворешни работи Стефан Сежурне, Аналена Баербок […]

Повторно пукање во САД: Жена убиена откако отворила оган во црква


Две лица се ранети, меѓу кои и едно петгодишно дете, кое е во критична состојба, откако жена облечена во мантил отворила оган од пиштол во голема црква на ТВ ѕвездата-проповедник Џоел Остин во Тексас. Повредени се петгодишно дете и 57-годишен маж. Детето било пренесено во локалната детска болница во Хјустон, додека мажот е во стабилна […]

Пашињан: Немам овластување да го апсам Путин


Ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека нема овластување да донесува какви било одлуки во врска со апсењето на никого, вклучително и на рускиот претседател Владимир Путин, по наредба на Меѓународниот суд на правдата (МСП). – По 2018 година, Ерменија имаше обемни демократски реформи и јас не одлучувам кого да уапсам, а кого да не уапсам, […]