Шефот на ФСБ: Уапсени четворица терористи осомничени за масакрот во Москва


Шефот на руската тајна служба го информирал Путин дека се уапсени четворица терористи вклучени во нападот, а вкупно 11 се приведени, пренесе РИА Новости.

Претходно рускиот претставник напиша дека двајца се уапсени.

Двајца осомничени за кои се верува дека се вмешани во синоќешното пукање се уапсени по бркотница со автомобил, напиша руски политичар, пратеник во рускиот парламент.

„Реното во кое се возеле осомничените е откриено во текот на ноќта во областа Брјанск“, изјави Александар Хинштајн.

„Автомобилот не застанал на барање на органите на редот и се обидел да побегне, а при потерата пукале и автомобилот се превртел“, додаде тој.

Едниот осомничен е приведен на местото на настанот, додека другиот побегнал и бил уапсен околу 3:50 часот по локално време. „Потрагата по другите продолжува“, рече тој. Тој исто така рече дека во автомобилот бил пронајден пиштол, магацин со муниција и пасоши на државјани на Таџикистан.

Скај њуз пишува дека оваа информација не е потврдена.