Путин им посака оздравување на повредените во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва


 Рускиот претседател Владимир Путин им посака оздравување на повредените во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва“ и го пофали ангажманот на медицинскиот персонал, изјави руската вицепремиерка Татјана Голикова.

Таа рече дека претставници на руската Влада, вклучително и министерот за здравство Михаил Мурашко, го информирале Путин за здравствената состојба на повредените, на кои претседателот им посакал оздравување.

Во терористичкиот напад во Москва загинаа најмалку 60 луѓе вклучувајќи и три деца, а 145 се повредени. Нападот се случи кога неидентификувани маскирани вооружени лица синоќа отворија оган во концертна сала „Крокус“ во Красногорск, административен центар на московската област.

Терористичката група Исламска држава (ИСИС) ја презеде одговорноста за нападот во Русија, се вели во кратката изјава објавена од новинската агенција Амак, поврзана со ИСИС, на Телеграм.