Филмско бегство од затворот во Атина


Со кука и импровизирано јаже, двајца затвореници вчера побегнале од атинскиот затвор „Коридалос“. Претходно ги пресекле решетките од ќелијата, стигнале до мал надворешен дел од затворот каде што немало чувари и со помош на кука и импровизирано јаже го прерипале надворешниот ѕид во височина од околу шест метри и излегле од затворот, јави дописничката на […]

Истражување: Ердоган е „најистакнатиот светски лидер“


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е прогласен за „најистакнат светски лидер“ во истражување во арапскиот свет, спроведено од медиумската групација Расдњуз, која има големо влијание меѓу Арапите. Ердоган освоил 77 проценти од гласовите, а зад него на листата се наоѓаат голем број светски лидери, меѓу кои претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп и […]

(ВИДЕО) Бебе извлечено од урната зграда по 36 часа на минус 17 степени


Во урнатините на станбената зграда во рускиот град Магнитогорск спасувачите вчера пронајдоа 11-месесечно бебе кое минало повеќе од 30 часа на многу ниски температура. Бебето е свесно, но во многу критична состојба и е пренесено во болница во Москва, пишува Би-би-си. <iframe width=”810″ height=”456″ src=”https://www.youtube.com/embed/eJUv-V0R3gs” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture” allowfullscreen></iframe> Руските спасувачи го […]

Бројот на жртвите во Магнитогорск се искачи на 16


Бројот на загинати при уривање на станбен блок во рускиот град Магнитогорск се искачи на 16, откако под урнатините беа откриени уште три тела, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. Повеќе од 20 луѓе се уште се водат како исчезнати по експлозијата на системот за гас, што предизвика уривање на зградата на 31 декември. Експлозијата […]

Гувернер на Њујорк: Единствената закана за Америка доаѓа од внатре


Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо во своето обраќање по повод освоениот трет мандат порача дека „единствената закана за Америка доаѓа од внатре“. Куомо истакна дека во првите 100 дена од неговиот трет мандат ќе ја претстави „најпрогресивната агенда, која оваа американска сојузна држава досега ја видела“. – Ќе направиме историја, а Њујорк ќе напредува. Не […]

Новиот претседател на Бразил положи заклетва


Новиот претседател на Бразил, ултрадесничарот Жаир Болсонаро положи заклетва како 38. шеф на државата. Во својот говор во Парламентот тој вети дека ќе се бори против корупцијата и насилните злосторства. – Ги повикувам сите конгресмени да ми помогнат да го спасам Бразил од корупција, криминал и идеолошко потчинување. Шеесет и три годишниот поранешен армиски капетан […]

Си Џинпинг: Не е исклучена можноста за употреба на сила кон Тајван


Кина не ја исклучува можноста за употреба на сила кон Тајван, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг, нагласувајќи дека земјата ќе биде повторно обединета. – Пекинг има право да ги употреби сите неопходни средства против надворешните сили, кои го спречуваат мирното обединување на Кина и поддржуваат сепаратистички дејствија, предупреди Си. Тој истакна дека „никој не може […]

Убиен мексикански градоначалник веднаш по стапувањето на должност


Гувернерот на мексиканската држава Оахака, Алехандро Мурат го осуди убиството на градоначалникот на Тлаксиако, Алехандро Апарисио Сантјаго кое се случи веднаш по неговото стапување на должност. Мурат вети дека ќе биде спроведена детална истрага за случајот, додавајќи дека веќе има еден уапсен. Во нападот биле повредени уште четири лица. Според државното обвинителство, Сантјаго непосредно пред […]

Во Германија стапи во сила законот за трет полов идентитет


Германија – Во Германија од вчера стапи во сила закон кој им овозможи на луѓето кои биолошки не се вклопуваат ниту во машки ниту во женски пол, да изберат трета опција во службените документи. Владата во Берлин го изгласа законот во август, а минатиот месец го потврди и Бундесратот. Припадниците на ЛГБТ заедницата сметаат дека […]

Новогодишно обраќање на Макрон


Франција – Шефот на француската држава во новогодишното обраќање до нацијата  зборуваше 16 минути во напнат социјален контекст, при тоа сакајќи да покаже дека е одлучен и истовремено внимателен  поради гневот што ја потресе Франција, јави дописникот на МИА. Крајот на 2018 година, за францускиот претседател изгледаше долг. Деветнаесет месеци по неговиот избор, Макрон се соочи […]

Венеција воведува такса за краток престој


Венеција ќе им наплаќа на посетителите такса до 10 евра. Мерката ја одобри италијанската влада, а треба да донесе десетици милиони евра годишно приходи на градот што е вброен во светското наследство. Овие пари веќе се планирани во буџетот за 2019 година, кој беше усвоен овој викенд, по неколкумесечните несогласувања со Брисел. Венецијанците долго време […]

САД и Израел излегоа од УНЕСКО


САД и Израел од денес и формално излегоа од УНЕСКО, агенцијата на ОН за образование, наука и култура. Ова е кулминација на процесот што почна пред повеќе од една година, поради загриженоста дека организацијата поттикнува антиизраелски ставови. Иако повлекувањето е главно процедурално, сепак е удар за УНЕСКО, кооснована од САД по Втората светска војна, за […]

Турција забранува рекламирање на нездрава храна


Турција го забрани рекламирањето на прехранбени производи, кои спаѓаат во категоријата „џанк фуд“, како и воведувањето промотивни подароци во слични продукти, како што се на пример чоколадните јајца со играчка, соопшти Министерството за трговија. Таквата мерка има за цел да ја ограничи навиката за нездрава исхрана на Турците. Согласно мерките, кои стапуваат во сила од […]

По 35 часа извлечено живо бебе од урнатините на руската зграда


Спасувачите извлекоа живо бебе од урнатините на високата станбена зградата во рускиот град Магнитогорск. Во трагедијата загинаа најмалку седум лица а десетици се сметаат за исчезнати. Спасувањето се случи по околу 35 часа откако дел од десеткатницата се урна по експлозија за која се верува дека е предизвикана од истекување на природен гас. Девојчето е […]

Ципрас: 2019 ќе биде година на надеж и преродба на Грција


Ова е прва Нова година кога можеме да кажеме дека жртвите и битките на грчкиот народ се исплатеа, истакна премиерот на Грција, Алексис Ципрас во новогодишната порака до граѓаните, нагласувајќи дека земјата, првпат по осум години е надвор од „задушувачкиот прстен на меморандумите”, јави дописничката на МИА од Атина. Ципрас говореше за иднината на Грција, […]

Демонстрации во Хонг Конг против „политичката репресија“ од Пекинг


Илјадници демонстранти маршираа во Хонг Конг денеска, барајќи целосна демократија, основни права, па дури и независност од Кина. Во текот на минатата година, САД и Британија изразија загриженост за големиот број инциденти за кои велат дека ја поткопале довербата во слободите и автономијата на Хонг Конг под кинеската власт. Тука спаѓаат затворањето на активисти, забраната […]

Лас Вегас потроши 400 милиони долари за прославата на новогодишната ноќ


Небото над Лас Вегас синоќа сјаеше од новогодишниот огномет кој траеше осум минути, а жителите и туристите прославуваа со звуците на Лејди Гага, Селин Дион и Гвен Стефани. Властите соопштија дека повеќе од 318.000 посетители биле во Лас Вегас на новогодишната ноќ. Се очекуваше гостите да потрошат повеќе од 240 милиони долари а 97 проценти […]

Ѕанакопулос: Ципрас во јануари ќе одлучи кога Договорот ќе влезе во Парламент


Грчкиот премиер Алексис Ципрас по 18 јануари ќе донесе одлука кога Преспанскиот договор ќе биде поднесен за ратификација во грчкиот Парламент, „до кога се очекува тој да ја мине соодветната процедура во Скопје“, изјави портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос, цитиран од електронското издание „Катимерини“. -Во моментов се прават потребните „парламентарни комбинации за ратификација на […]

Повторно апсења во Бања Лука на протестите за Давид


Припадници на полицијата на Република Српска во Бања Лука приведоа неколку лица поради кршење на законот за јавен ред и мир за време на протестот „Правда за Давид“. Според локалните медиуми, таткото на настраданиот Давид, Давор Драгичевиќ е во бегство и полицијата трага по него. – Организаторот на собирот не ги испочитува обврските предвидени со […]

Коѕијас: Иднината му припаѓа на нашето пријателство


За пријателството меѓу двата народи, за позитивните ефекти во двете земји што Договорот од Преспа ќе ги донесе, откако ќе стане секојдневие за граѓаните и од двете страни на границата, во екслузивно интервју за МИА говори поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас. Иднината му припаѓа на нашето пријателство“, е пораката што Коѕијас […]