Лас Вегас потроши 400 милиони долари за прославата на новогодишната ноќ


Небото над Лас Вегас синоќа сјаеше од новогодишниот огномет кој траеше осум минути, а жителите и туристите прославуваа со звуците на Лејди Гага, Селин Дион и Гвен Стефани. Властите соопштија дека повеќе од 318.000 посетители биле во Лас Вегас на новогодишната ноќ. Се очекуваше гостите да потрошат повеќе од 240 милиони долари а 97 проценти од собите во хотелите биле резервирани пред прославата.

Градот во Новата година влезе со огномет и ритмот на песните Luck Be a Lady од Френк Синатра, All night long од Лајонел Ричи и I drove all night во изведба на Селин Дион.

Во прославата на новогодишната ноќ беа вложени повеќе од 400 милиони долари, а безбедноста беше на високо ниво откако во 2017 година вооружен маж на музички фестивал уби 58 лица.