(ВИДЕО) Бебе извлечено од урната зграда по 36 часа на минус 17 степени


Во урнатините на станбената зграда во рускиот град Магнитогорск спасувачите вчера пронајдоа 11-месесечно бебе кое минало повеќе од 30 часа на многу ниски температура. Бебето е свесно, но во многу критична состојба и е пренесено во болница во Москва, пишува Би-би-си.

<iframe width=”810″ height=”456″ src=”https://www.youtube.com/embed/eJUv-V0R3gs” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture” allowfullscreen></iframe>

Руските спасувачи го извлекле детето  од повеќекатницата во која загинаа 16 лица, додека десетина се водат како исчезнати. Детето било спасено откако пожарникарите го слушнале плачот.

Иако е детето во критична состојба, лекарите се оптимисти. На детето му е повредена главата и е премрзнато. Кога извлекле, не било целосно облечено, а температурата во овој руски град изнесувала минус 17 степени.

Руските власти соопштиле дека мајката на детето ја преживеала несреќата и веднаш била однесена во болница кај својот син. Гувернерот на Чељабинската област, Борис Дубровски, било наведено дека спасувачите за време на минутата молчење за жртвите слушнале детски плач.

„Детето се спасило поради тоа што било во креветче и замотано во ќебе“, додал Дубровски.

<iframe width=”800″ height=”422″ src=”https://www.youtube.com/embed/ol-c0Gd3Tec” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture” allowfullscreen></iframe>

Руските безбедносни служби потврдиле дека причина за несреќата било течење на гас, а истрагата е во тек. Во зградата се уништени или оштетени 48 станови. Експертите предупредуваат дека и други два дела од истата зграда би можеле да се урнат.

Потврдено е дека таткото на бебето исто така е жив. Тој бил на работа кога сопругата му се јавила и му соопштила дека зградата се урнала.