По 35 часа извлечено живо бебе од урнатините на руската зграда


Спасувачите извлекоа живо бебе од урнатините на високата станбена зградата во рускиот град Магнитогорск.

Во трагедијата загинаа најмалку седум лица а десетици се сметаат за исчезнати.

Спасувањето се случи по околу 35 часа откако дел од десеткатницата се урна по експлозија за која се верува дека е предизвикана од истекување на природен гас. Девојчето е сериозно повредено.

Регионалното министерство за вонредни состојби претходно објави дека нема информации за 37 жители на зградата.  Надежите за наоѓање преживеани во урнатините се поткопани од суровиот студ: температурите ноќеска беа околу минус 18 Целзиусови степени.