Напаѓачот од Утрехт уапсен во Холандија


Холандската полиција соопшти дека го уапси осомничениот напаѓач од Утрехт. Претходно, турската новинска агенција Анадолија објави дека осомничениот за нападот во Утрехт, Ѓокмен Таниш пукал во роднина поради семејни несогласувања, а потоа отворил оган и врз лицата кои се обиделе да му помогнат на нападнатиот. При вооружениот напад во трамвај загинаа три лица, а деветмина се […]

Трамп тврди дека е неправедно обвинет за масакрот во двете џамии на Нов Зеланд


Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека е неправедно обвинет за масакрот во двете џамии на Нов Зеланд. Медиумите работат прекувремено за да ме обвинат за ужасниот напад на Нов Зеланд. Ќе мора да работат многу напорно за да го докажат тоа, напиша Трамп на Твитер. Напаѓачот остави така наречен манифест во кој се нарекува бел […]

Турски суд изрече 15 доживотни казни затвор за „обид за уривање на Владата“


Суд во Истанбул денеска им изрече казна доживотен затвор на 15 лица обвинети за „обид за уривање на Владата“, поради обвинувањата за корупција на блиски соработници на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во 2013 година. Осудените, меѓу кои се и четворица полициски началници, беа обвинети дека објавиле фалсификувани снимки за наводна корупција на членови на […]

Во Истанбул живеат повеќе од 15,5 милиони луѓе


Според податоци на турскиот завод за статистика и Фондот за население на ОН, во Истанбул живеат 15 милиони и 670.724 луѓе. Согласно овие бројки, 18,4 проценти од населението на Турција, кое моментално изнесува 82 милиони, живее во најголемата метропола во земјата. Во последните пет години населението во Истанбул се зголемило за околу еден милион луѓе.

Напаѓачот од Нов Зеланд престојувал и во Грција


 Напаѓачот на џамиите од Нов Зеланд во 2016 година два пати поминал низ Грција, користејќи ја како земја транзит, а еднаш допатувал во неколкудневен престој, соопшти грчката полиција. На 20 март 2016 авионски тој пристигнал од Истанбул и кратко престојувал во Грција на островите Крит и Санторини, а кон крајот на истата година, два пати […]

Најмалку тројца загинати при нападот во Утрехт


Градоначалникот на Утрехт, Јан ван Занен изјави дека во нападот загинале три лица. Претходно, холандската полиција соопшти дека главен осомничен за нападот е 37-годишниот Турчин, Ѓукман Танис, но не е исклучена можноста дека пукале неколку лица. Полицијата исто така соопшти дека најверојатно станува збор за терористички напад. Напаѓачот се уште не е уапсен. Припадници на […]

(ВИДЕО) Турчин осомничен за нападот во Утрехт


Главен осомничен за нападот во Утрехт е 37-годишниот Турчин, Ѓукман Танис, но не е исклучена можноста дека пукале неколку лица, соопшти холандската полиција. Полицијата исто така соопшти дека најверојатно станува збор за терористички напад. Напаѓачот се уште не е уапсен. Припадници на антитерористичката единица опколија една зграда под претпоставка дека таму се крие напаѓачот. Неколку […]

Пукање на повеќе локации во Утрехт


Осомничениот кој застрела повеќе луѓе, од кои еден најверојатно почина, во трамвај во Утрехт, Холандија, сѐ уште е во бегство, соопшти шефот на полицијата за контра-тероризам. „Во Утрехт имаше пукање на повеќе локации“, рече шефот на контра-терористичкиот тим Питер-Џап Алберсберг, на прес-конференција. „Многу детали сѐ уште се нејасни и локалните власти работат на тоа да […]

(ВИДЕО) Како навистина изгледа границата меѓу САД и Мексико


Група американски режисери кои воглавно снимаат во дивата природа, минале неверојатен пат од 3.200 километри долж американско-мексиканската граница. Новиот филм „The River and the Wall“ на најдобар начин опишува како изгледа границата за која толку многу се зборува, особено по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и изградбата на фамозниот ѕид. Режисерот Бен […]

Меј ќе организира трето гласање за Договорот за Брегзит


Британската премиерка Тереза Меј наредниве денови ќе се обиде по трет пат да ги убеди пратениците во Долниот дом на Парламентот во Вестминстер да го одобрат Договорот за Брегзит, што нејзината Влада го договори со Брисел лани во ноември. Согласно одлуката што Парламентот ја усвои во четвртокот, доколку пратениците најдоцна до среда го одобрат Договорот, […]

Момче обвинето за пренесување на снимката од нападот во Нов Зеланд


Осумнаесетгодишно момче е обвинето во Крајстчрч поради реемитување на видеоснимката која директно ја пушти онлајн сторителот на масакрот во Крајстчрч. Судот не дозволи објавување на името на тоа момче кое, исто така, е обвинето за поттикнување насилство поради ставање на интернет слики од џамијата „Ел Нур“ во Крајстчрч со натпис „метата е погодена“. За секое […]

Напад во Утрехт: Пукал во луѓе во трамвај, има ранети


Неколку луѓе се повредени откако непознато лице пукало во луѓе во трамвај во холандскиот град Утрехт. Нападот се случи утрово на периферијата на градот, а полицијата ги блокираше улиците околу местото на нападот, пренесе Ројтерс. Полицијата на Твитер објави дека неколку луѓе се повредени, пренесе британски „Дејли стар“. Портпаролот на полицијата изјави дека инцидентот се […]

Лондонскиот симпозиум за мир: Со образование во борба против радикализмот


Сите се надеваме дека еден ќе го видиме крајот на сите конфликти во светот. Ова беше генералната пораката на верските и политичките лидери кои зедоа учество на Интернационалниот симпозиум за мир, кој се одржа во Лондон по 16. пат. Реткост е да се видат во иста просторија атеисти и претставници на сите религиозни групи што […]

Момче обвинето за реемитување на снимката од масакрот во Крајстчрч


Судот во Крајстчрч обвини 18-годишно момче поради реемитување на снимката која ја емитуваше во живот напаѓачот на две џамиии во тој град, при што уби 50 лица. Судот не дозволи објавување на идентитетот на момчето, кое исто така, е обвинето за поттикнување насилство поради тоа што објави фотографија од џамијата Ал Нур во Крајстчрч, со […]

Анкета: Британците поделени околу потребата од втор референдум за Брегзит


Процентот на Британци, според кои треба да има втор референдум за Брегзит е еднаков на процентот граѓани на Велика Британија кои веруваат дека земјата треба да ја напушти Европската унија без договор, покажуваат податоците од анкетата објавена во „Гардијан“. Истражувањето на јавното мислење покажа дека 43 отсто испитаници преферираат одложување на Брегзит заради спроведување втор […]

Жена во Тексас роди шест бебиња за десет минути


Жена во Хјустон, Тексас, САД, роди шест бебиња, за што шансите се еден во 4,7 милијарди. Телма Чиака роди два пара машки близнаци и еден пар женски во петокот утрото, во болница во Тексас. Сите шест бебиња се родени во период од 4.50 до 4.59 часот, со тежина од околу 800 грама до 1.300 грама. […]

Тереза Меј како лик од „Монти Пајтон“


Холандскиот премиер Мар Руте ја поврза британската премиерка Тереза Меј со лик од „Монти пајтон“. Тој ја поврза со ликот кој одбива да признае пораз по двобој во кој ги изгуби двете раце и двете нозе. „Имам огромна почит за Тереза Меј. Понекогаш ме потсетува на лик од „Монти Пајтон“ кој, откако му се исечени […]

Северна Ирска: Две лица загинаа во стампедо при одбележување на Свети Патрик


Две лица загинаа, а неколкумина се повредени во стампедо кое се случило синоќа во дискотека во хотелот „Гринвејл“ во северноирскиот град Кукстаун. Неколку десетици млади луѓе се собрале да го прослават Денот на Свети Патрик, кога од засега непознати причини започнало стампедо, во кое две лица го загубиле животот. Повредените се префрлени во локалните болници, […]

Индонезија: Поплави однесоа 73 животи, 60 лица се водат како исчезнати


Најмалку 73 лица загинаа, а 60 се водат како исчезнати во поплавите, кои ја погодија источната индонезиска провинција Папуа. Спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до оддалечените делови од провинцијата и стравуваат дека бројот на жртвите ќе биде поголем. Поради лизгање на земјиштето и откорнати дрвја, патиштата се блокирани, а поплавите оштетија два моста и […]

Кина: Од 2014 година уапсени 13.000 терористи во исламски регион


Кинеските власти соопштија дека од 2014 година, во традиционално исламскиот регион Синџијанг, биле уапсени речиси 13.000 терористи и разбиени стотици „терористички банди”. Овие податоци се објавени во денешниот извештај на Владата во Пекинг, кој се однесува на ситуацијата во немирната област во североисточниот дел на Кина. Кинеските власти со извештајот настојуваат да одговорат на зголемените […]