Момче обвинето за пренесување на снимката од нападот во Нов Зеланд


Осумнаесетгодишно момче е обвинето во Крајстчрч поради реемитување на видеоснимката која директно ја пушти онлајн сторителот на масакрот во Крајстчрч.
Судот не дозволи објавување на името на тоа момче кое, исто така, е обвинето за поттикнување насилство поради ставање на интернет слики од џамијата „Ел Нур“ во Крајстчрч со натпис „метата е погодена“.
За секое од овие обвиненија може да се добијат 14 години затвор.
Судијата одби да го пушти момчето со кауција и тој ќе остане во притвор до наредното појавување на суд, на 8 април.
Австралискиот екстремист Брентон Тарант, самопрогласен фашист, во петокот уби 50 луѓе во две џамии во Крајстчрч на Нов Зеланд.
Истражителите наведоа дека за сега нема сомнеж дека момчето кое денеска е обвинето за емитирање снимки директно е вклучено во тој напад.
Но, судијата рече дека сите детали на обвинението против момчето потпаѓаат под судската забрана за објавување на податоци за медиуми.