Напад во Утрехт: Пукал во луѓе во трамвај, има ранети


Неколку луѓе се повредени откако непознато лице пукало во луѓе во трамвај во холандскиот град Утрехт.
Нападот се случи утрово на периферијата на градот, а полицијата ги блокираше улиците околу местото на нападот, пренесе Ројтерс.
Полицијата на Твитер објави дека неколку луѓе се повредени, пренесе британски „Дејли стар“.
Портпаролот на полицијата изјави дека инцидентот се случил во близина на плоштадот „24 Октомври“, кој по инцидентот е затворен, пренесе CNN.
Пукањето се случило во 10.45 часот по локално време, а над местото на инцидентот кружат хеликоптери, пренесе „Ивнинг стандард“.
Како што се наведува, инцидентот се случил недалеку од болницата „Оуденријн“.