Тереза Меј како лик од „Монти Пајтон“


Холандскиот премиер Мар Руте ја поврза британската премиерка Тереза Меј со лик од „Монти пајтон“.
Тој ја поврза со ликот кој одбива да признае пораз по двобој во кој ги изгуби двете раце и двете нозе.
„Имам огромна почит за Тереза Меј. Понекогаш ме потсетува на лик од „Монти Пајтон“ кој, откако му се исечени рацете и нозете, му вели на противникот: „Ајде да биде нерешено“, вели Руте, гостувајќи во емисијата „WNL op Zondag”, јави Блумберг.
Руте мислеше на Црвениот витез кого во филмот „Монти Пајтон и светиот грал“ го глуми Џон Клиз и кој, откако кралот Артур, бу ги отсече сите екстремитети, извикува; „Јас сум непобедлив“, потсетува „Политико“.
Холандскиот премиер вели дека Британија „во моментов е во многу лоша позиција“, но дека ја почитува британската колешка затоа што продолжува да се бори.