Меј: Поддржете го договорот или нема да ја напуштиме ЕУ со месеци, а можеби и никогаш


Британската премиерка Тереза Меј предупреди денеска дека ако Брегзит биде одложен долго, тогаш Велика Британија ќе треба да учествува на европските избори во мај и тоа ќе биде „брилијантен симбол на колективниот пораз на (британскиот) Парламент“. Во авторска статија, објавена денеска во „Сандеј Телеграф“, Меј додава дека ако британските пратеници не го поддржат нејзиниот договор […]

Кризен состанок во Париз по вчерашните насилства


Премиерот Едуар Филип ги повика министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер и неговиот државен секретар Лоренс Нуњез на кризен состанок по вчерашното насилство на Елисејските полиња за време на демонстрациите на жолтите елеци, јавува дописникот на МИА. -Ќе бидат преземени дополнителни мерки (за одржување на редот и мирот), тоа нема да биде нов закон, но […]

Гугл против Трамп: Не соработуваме со армијата на Кина


Компанијата „Гугл“ ги отфрли наводите на американскиот претседателот дека оваа компнија помага на Кина и нејзината армија, јави денеска „Ен-Би-Си Њуз“. – Ние не работиме со кинеската армија. Ние работиме со американската Влада, вклучувајќи го и Министерството за одбрана, и тоа во повеќе области како кибер безбедноста, кадрите и здравствто, изјави претставник на компанијата. Трамп […]

Апелација одлучи: Американците смеат да покажуваат среден прст на полицијата


Апелациски суд на САД утврди дека граѓаните имаат право да покажат среден прст на полиција како израз на нивното право на слобода на говорот, јави радиото „Ен-Пи-Ар“. Во текот на судењето, Дебра Круиз-Гуљас опишала како во 2017 година била запрена од полицаецот Метју Минард поради пречекорување на брзината. Тој сепак и дошол во пресрет давајќи […]

Српската опозиција бара смена на власта и избори, блокирани се влезовите во Претседателството


Лидерите на Сојузот за Србија, чии приврзаници денеска ги блокираа сите влезови на зградата на Претседателството, побараа заминување на актуелната власт, итно разрешување на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот Ана Брнабиќ,   претседателот на Собранието, Маја Гојковиќ и одржување слободни избори на сите нивоа. Демонстрантите ги блокираа сите влезови во зградата на Претседателството, а организаторите […]

Вучиќ: Големите пријатели на Заев, Ѓилас и Јеремиќ, се фалат како го осудиле Чавков


Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска на пладне имаше вонредна прес-конференција по синоќешниот упад на демонстрантите предводени од опозицијата во РТС. Демонстрантите предводени од Сојуз за Србија синоќа влегоа во седиштето на Радио Телевизија Србија, барајќи да се врати националниот сервис на граѓаните, бидејќи не известувале за протестите против Александар Вучиќ. На денешната прес-конференција, […]

Затворен аеродром на Нов Зеланд поради сомнителен пакет


Аеродромот во новозеландскиот град Данидину е затворен поради сомнителен пакет, соопшти денеска полицијата. Полициски единици и специјални тимови пристигнале на аеродромот за да утврдат за каков пакет станува збор, се наведува во полициското соопштение. Пред два дена во градот Крајстчрч на Нов Зеланд беше извршен терористички напад врз две џамии, при што загинаа 50 луѓе.

„Фејсбук“ избриша 1,5 милиони снимки од нападите на Нов Зеланд


Компанијата Фејсбук во првите 24 часа по нападот врз двете џамии на Нов Зеланд отстранила 1,5 милиони снимки од тој грозоморен чин. – Во првите 24 часа отстранивме 1,5 милиони снимки од нападот, од кои над 1,2 милиона се блокирани во текот на нивното поставување, соопшти Фејсбук. Компанијата нагласи и дека ги брише сите направени […]

Трагедија во Индонезија: Најмалку 50 луѓе загинаа во поплави


Најмалку 50 лица го загубија животот, а 59 се повредени во поплавите кои ја погодија индонезиската провинција Папуа, соопштија денеска локалните власти. Силен ветар и поројни дождови ја зафатија вчера областа околу главниот град на провинцијата, Џајапура, предизвикувајќи големи поплави. Најтешко погоден од поплавите е градот Сентани, каде спасувачките екипи трагаат по преживеани, но се […]

Ѓукановиќ ќе ги тужи „Вијести“


Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ најави тужба против подгоричкиот весник „Вијести“, кој во вчерашното издание пренел интервју со сопственикот на „Атлас груп“ Душко Кнежевиќ по кого е распишана меѓународна потерница. Од кабинетот на Ѓукановиќ е соопштено дека весникот пренел „неосновани и непроверени обвинувања“ на сметка на шефот на државата. – Преку разговор со избеганиот тајкун Душко […]

Пленковиќ потврди дека напаѓачот од Нов Зелан престојувал и во Хрватска


Загреб – Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ потврди денеска дека напаѓачот во џамиите на Нов Зеланд, кон крајот на 2016 и почетокот на 2017 година престојувал во Хрватска. На новинарско прашање дали се точни информациите дека Брентон Тарант престојувал и во Хрватска, Пленковиќ одговорил потврдно. – Добив информација дека тоа е точно, колку што видов, тој […]

Собир во Мелбурн за поддршка на муслиманската заедница


Мелбурн – Илјадници луѓе се собраа во Мелбурн, Австралија, за да изразат поддршка за муслиманската заедница по вчерашниот напад во две новозеландски џамии, при што загинаа 49 лица, а десетици се повредени. Учесниците на собирот читаа молитви во спомен на жртвите, изразувајќи солидарност. – Тоа што се случи во Крајстчрч беше тероризам. Убијците се терористи. […]

Најмалку 24 загинати во циклон во Зимбабве


Хараре – Најмалку 24 лица загинаа, а околу 40 се водат како исчезнати во источниот дел на Зимбабве, по налет на циклонот „Идаи“, кој исто така претходно ги погоди Мозамбик и Малави, соопштија властите во Хараре. Војската е веднаш испратена на местото на инцидентот во потрага по преживеани жители и расчистување на теренот. Неколку илјади […]

Стотина уапсени и 11 повредени на протестите на „жолтите елеци“


Париз – Најмалку 94 лица се уапсени, а 11 се повредени во судир со полицијата на денешните протести на „жолтите елеци” во Париз. Цел на демонстрантите повторно беа продавници за луксузни стоки во близина на Триумфалната порта, а судирите со полицијата се случија кога демонстрантите почнаа да фрлаат димни бомби и камења врз полициските службеници. […]

Фирми во Британија веќе воведуваат четиридневна работна недела


Низа мали британски компании воведоа четиридневна работна недела за своите работници, како дел од сегашните идеи дека помалку работа може да донесе поголема продуктивност и подобра рамнотежа помеѓу животот и работата Затоа, се повеќе и повеќе работодавачи експериментираат со давање три слободни денови неделно на своите работници додека ја задржуваат истата плата. Во изминатата половина […]

Робот-новинарство се повеќе популарно во редакциите


Бот наречен Тоби генерираше речиси 40.000 новински написи за резултатите од швајцарските избори во ноември 2018 година за медиумскиот гигант Тамедија за само пет минути. Видови вештачка интелигенција, како што се ботови (софтверски роботи), се достапни скоро десет години и се повеќе се користат во новинските куќи за пишување статии, персонализирана испорака на вести и […]

Главниот обвинител на Њујорк бара казна за Трамп од 5,6 милиони долари


Главниот обвинител на државата Њујорк, Летиша Џејмс, рече дека американскиот претседател Доналд Трамп треба да биде казнет со 5,6 милиони долари. Нејзиниот мотив е дека Трамп ја искористил својата хуманитарна фондација за поддршка на неговата изборна кампања. -Трамп ја навел фондацијата постојано да влегува во трансакции кои се само-тргувани и да ги координираат незаконско со […]

Хан: Популистите никогаш ништо не направиле


Европскиот комесар за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, ги повика граѓаните на земјите-членки на ЕУ да размислуваат „европски” на изборите за Европскиот парламент и оцени дека популистите никогаш досега не направиле ништо добро. -Не ми е познато дека некое популистичко движење некогаш донело нешто (добро). Во најдобар случај, ништо не се случува и, како […]

Хистерија пред судницата: Луѓето со нож го нападнаа Тарант


Австралиецот Брентон Тарант(28), кој во петокот изврши терористички напад врз две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч и уби 49, а рани 40 муслимански верници, е изведен пред суд. Судењето е затворено за јавност, само акредитирани новинари имаат пристап. И покрај тоа огромен број луѓе се собраа пред судницата. Дел од нив извикуваа дека обвинетиот треба […]

Трамп го стави првото вето


Американскиот претседател Доналд Трамп го стави првото вето по неговото стапување на функцијата во Белата куќа. Трамп ја отфрли одлуката на Конгресот со цел да обезбеди средства за изградба на ѕид долж границата со Мексико. – Имам обврска да ставам вето на таа одлука, истакна американскиот претседател од Овалниот кабинет. Сенаторите вчера, меѓу кои и […]