Ѓукановиќ ќе ги тужи „Вијести“


Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ најави тужба против подгоричкиот весник „Вијести“, кој во вчерашното издание пренел интервју со сопственикот на „Атлас груп“ Душко Кнежевиќ по кого е распишана меѓународна потерница.

Од кабинетот на Ѓукановиќ е соопштено дека весникот пренел „неосновани и непроверени обвинувања“ на сметка на шефот на државата.

– Преку разговор со избеганиот тајкун Душко Кнежевиќ, „Вијести“ смислено шири сензационалистички информации, очигледно со цел да се поттикне енергија пред најавените протести, се наведува во соопштението, во кое се додава дека „тенденциозно објавеното интервју, како и други текстови кои изобилуваат со лажни информации и тврдења за шефот на државата, ќе бидат повод за поднесување тужба од страна на претседателот Мило Ѓукановиќ“.