Затворен аеродром на Нов Зеланд поради сомнителен пакет


Аеродромот во новозеландскиот град Данидину е затворен поради сомнителен пакет, соопшти денеска полицијата.

Полициски единици и специјални тимови пристигнале на аеродромот за да утврдат за каков пакет станува збор, се наведува во полициското соопштение.

Пред два дена во градот Крајстчрч на Нов Зеланд беше извршен терористички напад врз две џамии, при што загинаа 50 луѓе.