Напаѓачот од Утрехт уапсен во Холандија


Холандската полиција соопшти дека го уапси осомничениот напаѓач од Утрехт.

Претходно, турската новинска агенција Анадолија објави дека осомничениот за нападот во Утрехт, Ѓокмен Таниш пукал во роднина поради семејни несогласувања, а потоа отворил оган и врз лицата кои се обиделе да му помогнат на нападнатиот.

При вооружениот напад во трамвај загинаа три лица, а деветмина се повредени. Холандската полиција како главен осомничен за нападот го идентификува 37-годишниот Ѓокмен Таниш, роден во Турција.