Напаѓачот од Нов Зеланд престојувал и во Грција


 Напаѓачот на џамиите од Нов Зеланд во 2016 година два пати поминал низ Грција, користејќи ја како земја транзит, а еднаш допатувал во неколкудневен престој, соопшти грчката полиција.

На 20 март 2016 авионски тој пристигнал од Истанбул и кратко престојувал во Грција на островите Крит и Санторини, а кон крајот на истата година, два пати минал низ Грција со транзит летови – на 29 ноември и 10 декември.